Во 20 часот игра „Цепелин“. Ова е германски филм од 2005 година. Снимен под режисерската палка на Гордиан Мауг со Олаф Раушенбах, Александер Мај, Агњешка Пивоварска.
Оваа историска крими-приказна говори за несреќата на леталото LZ 129 „Хинденбург“ на 6 мај 1937 г. што важи за една од најдраматичните големи несреќи за почетните години на воздухопловството.
Хинденбург, најголемото до денес изградено летало, се запали накусо по
гаражирањето во американскиот Лејкхурст и изгоре за 34 секунди. Животот го изгубија 36 луѓе.
Еден од членовите на посадата бил Роберт Зилхер. Неговиот внук Матијас ги истражува трагите на загинатите со помош на цртежите од татко си. Во Фридрихсхафен Матијас го сретнува поранешниот колега на
Роберт, Карл Земле. Но, старецот не може или не сака туку така да каже што знае. Сепак Матијас продолжува да го реконструира животниот пат на својот дедо и ги забележува станиците кои најпосле го доведуваат до леталото „Хинденбург“ преку Атлантикот. Започнува едно патување низ минатото, на кое Матијас трага по причините за длабогата тага на својот татко...
Режисерот Гордиан Мауг лично ќе го претстави својот филм.
(Никулец на мк.Википедија.)
Филмот трае 102 минути
Во 21:45 започнува „Терорист“. Овој филм на Бенјамин Хајсенберг е германско-австриска копродукција од 2005 година. Улогите ги играат Бастијан Трост, Мехди Небу, Лорета Пфлаум.
Јоханес се доселува во Минхен да работи како постдипломец на катедрата за вирусологија на техничкиот универзитет. Во кругот на младиот научник спаѓа и Алжирецот Фарид, кој им се посветува на истите истражувачки работи како и Јоханес. Уште пред да стапи на работното место, на Јоханес му приоѓа една соработничката за заштита на уставот. Од него се бара да доставува информации за Фарид. Јоханес ужаснат го одбива ова барање, но сепак, црвот на сомнежот влегува во него. Се менува начинот на кој го гледа својот колега.
Дали неговиот колега е потенцијален терорист?
Младата келнерка Беате, за која се интересира и Јоханес, се вљубува во Фарид. Истовремено се заострува и службената конкуренција меѓу Фарид и Јоханес. Почнуваат да се мешаат приватното и службеното, моралната и политичката одговорност...
(Никулец на мк.Википедија.)
Филмот трае 100 минути.
(Забелешка: Не знаеме колку чинат билетите. Ако некој бил и знае, нека пише.)
0 comments:
Post a Comment