20:00 часот
„Статус јо!“ е германски филм од 2004 година. Режисер на филмот е Тил Хастрајтер, а улогите се на Диџеј Квест, Сера, Јесим и други.
Петок навечер во Берлин: Јан има тајна афера со сестрата на својот најдобар другар и за се оттргне од ова, гласно изјавува дека во рок од 24 часа ќе ја организира најголемата хип-хоп забава на годината. Сега само му е потребна опрема, бендови што сакаат да настапуваат и можеби малку пари неопходни да плати за сето тоа.
За тоа време „поетот на подземната железница“ Сера добива цимер, Спреер Тарек сонува за потполна скулптура од графити, а Рапер Сешн, бегајќи со девојката од нејзиниот брат паѓа во рацете на „скинхедс“...
(Никулец на мк.Википедија.)
Филмот трае 101 минута.
Режисерот Тил Хастрајтер лично ќе го претстави својот филм.
21:45 часот
„Базенот на принцезите“ е германски документарен филм од 2006 година во режија на Бетина Блимнер.
15-годишните тинејџерки Клара, Мина и Тануша, кои израснале со своите мајки во населбата Берлин-Кројцберг, се познаваат уште од градинка. Најдобрите другарки одат заедно по забави, им се допаѓаат слични момчиња и целото лето го поминуваат на „Принценбад“, големиот отворен базен среде нивната населба, нивниот „Базен на принцезите“. На прагот од светот на возрасните сите три
девојчиња почнуваат да го бараат својот сопствен пат во животот: Клара го прекинува училиштето, Мина сака да биде заедно со своето момче, а Тануша бара од мајка си повеќе слобода.
Со својот природен шарм, груб и недозреан начин, берлинските „дрзнички“ Клара, Мина и Тануша си обезбедуваат почитување!
(Никулец на мк.Википедија.)
Филмот трае 92 минути.
Како дел од фестивалот во Тетово се прикажува филмот „Изгубено - најдено“.


0 comments:
Post a Comment