Блогот Кинотека е неофицијално огледало на филмската програма на Кинотеката на Македонија и, понекогаш, на некои други филмски настани.

Општо студентски фестивал на алтернативниот филм (ОСФАФ), 3 и 4 октомври 2008 г. 20 - 23 ч. [Кинотека]

Уште еден мини фестивал. Денес и утре на програмата во Кинотека се одржува Општо студентскиот фестивал на алтернативен филм. Проекциите почнуваат во 20 часот и на секоја проекција ќе бидат прикажани голем број на филмови. Влезот е бесплатен.


Прва официјална програма (3-ти октомври)

СОЦИЈАЛИЗМОТ НА МОЈОТ ТАТКО
Петре Чаповски / игран / 10 мин. / Македонија

KNOT IN MOTION / ЈАЗОЛ ВО ДВИЖЕЊЕ
Frank Baker / документарен / 5 мин. / Велика Британија

O HABOVSKY KARDAN 2007 / ХАБОВКА КАРДАН 2007
Jan Kuska & Lubos Trizna / документарен / 22 мин. / Словачка

ШАЈКАЊЕ
Иван Ивановски / анимиран-експериментален / 4 мин. / Македонија

СТУДЕН ДОПИР
Дејан Спирт Џолев / експериментален / 1 мин. / Македонија

OLDIEGARAGE / СТАРА ГАРАЖА
Bernhard Hausberger / документарен / 16 мин. / Лихтенштајн

MOBILE POSTCARD / МОБИЛНА РАЗГЛЕДНИЦА
Peter Vadocz / експериментален-анимиран / 4 мин. / Унгарија

GOLEMIOT VODAC / THE GREAT LEADER
Стефан Сидовски / игран / 8 мин. / Македонија

ЗОО
Љупчо Петровски / документарен / 1 мин. / Македонија

MOTORBIKE INVASION / ИНВАЗИЈА НА МОТОРИ
Mark Rigler / експериментален / 4 мин. / Велика Британија

TROJUHOLNIK / ТРИАГОЛНИК
Jan Kuska / игран / 1 мин. / Словачка

SNOANGLAR / АНГЕЛИ ВО СНЕГОТ
Sebastian Nyman Agdur & Andreas Tillnert / игран / 8 мин. / Шведска

Втора официјална програма (4-ти октомври)

RITORNO / ВРАЌАЊЕ
Rolf Mandolesi / игран / 18 мин. / Италија

N°13 / Бр.13
Darius Ilgevicius / документарен / 4 мин. / Литванија

POLJUB SMRTI / БАКНЕЖ НА СМРТТА
Kristjan Vrtacnik / игран / 18 мин. / Словенија

ВЕРЧЕ
Александар Стојановски - Цули и Дарко Наумовски / игран / 1 мин. / Македонија

RETRO-CINE / РЕТРО КИНО
Jeannick et Pierre Michel / игран / 17 мин. / Франција

ЗОШТО?
Петре Чаповски / игран / 1 мин. / Македонија

DENESE / ДЕНИС
Mark Rigler / експериментален / 5 мин. / Велика Британија

УПОРНИОТ ВРАБЕЦ
Богоја Стојкоски – Пусторекански / документарен / 7 мин. / Македонија

IN THE HАLL / ВО ХАЛАТА
Levan Dvali / игран / 3 мин. / Грузија

КИКС 3
Vikentije Gjorgjevski / анимиран / 3 мин. / Македонија

ВЛАЖЕН СОН
Иван Ивановски / анимиран-експериментален / 2 мин. / Македонија

ZWISCHEN LICHT UND SCHATTEN / ИЗБЛЕДУВАЊЕ
Fabian Giessler / игран / 13 мин. / Германија

PORQUE HAY COSAS QUE NUNCA SE OLVIDAN / ЗАТОА ШТО ПОСТОЈАТ РАБОТИ КОИ НИКОГАШ НЕ ГИ ЗАБОРАВАТЕ
Lucas Figueroa / игран / 13 мин. / Шпанија

Преземено од Плагијат.

Фестивал Манаки: Елитна единица 3.10.2008 г. во 19:30 ч. [Битола]

„Елитна единица“ е бразилски филм од 2007 година. Филмот е делумно фиктивна слика за батаљонот за специјални полициски операции на воената полиција на Рио Де Женерио. Тоа е вториот долгометражен филм а прв игран филм на режисерот Жозе Падиља, кој претходно го режирал прочуениот документарец „Автобус 174“. Сценариото е напишано од, за оскар номинираниот писател, Браулио Мантовани, базиран на книгата „Елитна единица“ на социологот Луиж Едуардо Соарес и двајца поранешни капетани на единицата, Андре Батиста и Родриго Пиментел.

Филмот освоил Златна мечка на филмскиот фестивал во Берлин 2008 година.



„Елитна единица“ е интензивен преглед на озлогласните фавели на Рио де Женеиро. Филмот е поставен во 1997 година и прикажува интимен преглед на широката коруптивна мрежа во градот. Милицијата на дилерите со дрога има контрола врз фавелите, додека полицијата ги изведува своите криминални дејствија надвор. Елитната единица се бори против растурањето дрога, но одржувањето на ред има своја цена па е тешко во нивните акции да се разликува добро, лошо, правда или освета. Капетанот на елитната единица, Нашименто (Вагнер Моура) се соочува со криза: како дополнување на притисоците од борбата во воените зони, тој мора да најде и подготви своја замена, за да може да побегне од секојдневното насилство и биде блиску до неговата бремена жена. Двајца од најновите регрути во единицата, Нето (Цаио Жункуеира) и Матијас (Андре Рамиро) се пријатели од детство. Едниот брзо посегнува по оружје, додека другиот одбива да ги погази идеалите. Заедно, тие се одлична замена.

Филмот трае 114 минути.

(Никулец на мк.Википедија)

Француски филмови во кино Фросина 2 -7 октомври 2008 г. во 20 ч.

На веќе традиционалниот мини фестивал на францускиот филм, оваа година ќе се прикажат 5 филма.

Отворањето е на 2 октомври во 20 часот со филмот „Време на коментата“ од 2007 година. Филмот е француско-германска и албанско-македонска копродукција, а негов режисер е Фатмир Кочи. Улогите ги играат Блерим Дестани, Масиела Луша и Џевдет Фери и др.



Во петок  на 3 октомври во 20 часот следи филмот „Љубовни песни“. Режиран од Кристоф Оноре во 2007 година, со актерите Луј Гарел и Лидивин Сањие.

Потоа во сабота на 4 октомври во 20 часот следи „На моите усни“ на Жак Одијар од 2001. Улогите се на Венсан Касел и Емануела Дево.

По еднодневна пауза, програмата продолжува во понеделник на 6 октомври 20 часот со „Нејзината животна улога“, филм од 2003 година. Режисер на филмот е Франсоа Фавра, а улогите ги играат Ањес Жауи и Вијар Карин.

Фестивалот завршува во вторник на 7 октомври во  20 часот со проекција на „Отровница во тупаницата“. Филм снимен во 2004 година под режисерската палка на Филип Де Брока. Улогите ги играат Катрин Фро, Жил Ситрик, Жак Вилре и др.

Фестивал Манаки: „Светни светлина“ 2.10.2008 г. во 17ч. [Битола]

„Светни светлина“ е филм од 2008 режиран од Мартин Скорсезе кој документира два настапа во 2006 година на рокенрол бендот Ролинг Стоунс како дел од нивната „A Bigger Bang" турнеја. Истовремено филмот вклучува и архивски снимки од кариерата на бендот. Филмот е насловен според истоимената песна која е дел од нивниот албум „Бекство од главната улица“ (анг. Exile on Main St.) од 1972 година. Албум од звучната лента на филмот е издаден во април 2008 година од Јуниверсал.

Скорсезе ги снимил Ролинг Стоунс за време на нивните концерти во Њу Јорк на 29. октомври и 1. ноември 2006 во театарот „Beacon“. На концертните снимки им претходи краток полу-драматизиран вовед за подготовките за настапот, вкрстен со историски исечоци од вести и интервјуа со членовите на бендот. Настапите, кои биле додадени на турнејата поради снимањето на филмот, вклучиле поинаква листа на песни од типичната листа изведувана на другите концерти од турнејата, а во публиката се појавуваат познати личности како Бил Клинтон и Александар Кважњевски. Филмот исто прикажува заеднички настап на бендот со Бади Гај, Џек Вајт и Кристина Агилера.



Позади сцената, за време на настапот на 29. октомври, Ахмет Ертегун се здобил со повреди на главата од кои подоцна починал. Поради тоа, филмот му е посветен на Ертегун.

Филмот трае 120 минути.

(Никулец на мк.Википедија)

Фестивал Манаки: Ние сме од џез, 1.10.2008 во 17ч. [Битола]

Советска Русија во 1920тите. Музичка комедија за студент по музика од дваесеттите години на минатиот век, исклучен од школата поради тоа што сака џез, звуци кои потсетуваат на капитализмот во Обединетите Држави. Здружувајќи се со уште двајца улични музичари формира бенд, со кој патува од град во град обидувајќи се да успее.


Филмот трае 89 минути.

(Никулец на мк.Википедија)

Фестивал Манаки: Тешко е да се биде фин, 30 септември 2008 г. во 22:30 ч. [Милениум]

„Тешко е да се биде фин“ е едноставен, директен и комичен филм за човекот кој сака да биде добар. Ова е филм за човек кој сака да биде добар во градот Сараево и во Државата БиХ каде што да се биде добар понекогаш значи да се биде глуб и понекогаш тоа може да ви донесе тешкотии бидејќи да се биде добар значи да се загрози и уништи нешто што е востановено како „ОК“.

А „ОК“ е да се купува украдена облека, украдени автомобили, што и да е украдено, да не плаќате данок, и да подмитувате за сѐ што ви треба. Некогаш е потребно да се жртвувате за да се вратите на правиот пат.



Овој филм е кандидат за оскар на БиХ.

(Никулец на мк.Википедија.)

За сите филмови кои играат денес, видете го календарот.

Фестивал Манаки: Похота, претпазливост 29.09.2008 во 22ч. [Битола]

„Похота, Претпазливост“ е кинески шпионски трилер режиран од тајванскиот режисер Анг Ли во 2007 заснован на истоимена кратка приказна објавена во 1979 година од кинескиот автор Ејлин Ченг. Анг Ли, со Оскар награден режисер, го доби својот втор „Златен лав“ на филмскиот фестивал во Венеција за овој филм. Приказната се одвива највеќе во Хонг Конг во 1938 и во Шангај во 1942, кога градот бил окупарн од Јапонија и под марионетска власт на Ванг Јингвеј. Филмот претставува група кинески универзитетски студенти кои заговараат атентат на висок кинески колаборационист користејќи млада жена која би го намамила во стапица.


Филмот и приказната се лабаво базирани на слички за време на јапанската окупација на Шангај. Експлицитните секс сцени во филмот резултирале тој да биде рангиран со NC-17 во САД.

Во Шангај од 1940-тите години, окупиран од Јапонија, добро облечена и атрактивна кинеска наречена „Г-ца Мак“ (Танг Веј) седи во кафуле во елитна четврт. Кога ќе повика машки пријател, нејзините безопасни коментари се кодирани сигнали за почеток на акција на ќелија млади агенти. Филмот тогаш оди наназад во 1938 година кога почнува трансформацијата на срамежливата и неискусна студентка Вонг Чија Чи во гламурозната г-ца Мак, нејзината маска во кинескиот отпор. Чија Чи била оставена сама во Кина од нејзиниот татко кој побегнал во Англија. Додека е бруцош, Кванг Ју Мин (Ванг Ли-Хом) ја поканува да учествува во неговата патриотска театарска трупа. Чија Чи станува водечка дама, инспирирајќи ги и публиката и нејзиниот нов пријател Кванг.

Филмот трае 157 минути.

[Никулец на мк.Википедија]

Фестивал Манаки: Не сум таму, 28 септември 2008 во 22 ч. [Битола]

„Не сум таму“ (анг. I'm Not There) е биографски филм од 2007 инспириран од легендарниот пеач и текстописец Боб Дилан (анг. Bob Dylan) а режиран од Тод Хејнз (анг. Todd Haynes). Филмот презентира шест различни нивоа на животот на Дилан и неговата јавна личност. Неговиот лик го толкува ансамбл од актери: Маркус Карл Френклин, Бен Вишо, Хит Леџер, Кристијан Бејл, Ричард Гир и Кејт Бланшет, кои играат ликови базирани на Дилан, но со различни имиња.

Филмот ја раскажува приказната користејќи нетрадиционални техники, слични на поетскиот наративен стил на Боб Дилан. Своето име филмот го добива од истоимената песна на Боб Дилан од 1967, која не била објавена се до овој филм. Прифатен од критиката, „Не сум таму“ се најде на многу топ листи на филмови за 2007.

Филмот се отвора со Боб Дилан кој се качува на сцена за да свири. Кадарот се префрла на Дилан како доживува сообраќајна несреќа на мотор, што се случило во 1966 и завршува на аутопсиска маса.

Никулец на мк.Википедија.

Филмот трае 135 минути.

Покрај овој уште 9 филмови се на програмата, од кои дури 7 во Скопје (Дом на АРМ и кино Милениум.)

За повеќе видете го календарот или на твитер.

Покрај овој филм
 
Кинотека. Design by Wpthemedesigner. Converted To Blogger Template By Anshul Tested by Blogger Templates.