На веќе традиционалниот мини фестивал на францускиот филм, оваа година ќе се прикажат 5 филма.
Отворањето е на 2 октомври во 20 часот со филмот „Време на коментата“ од 2007 година. Филмот е француско-германска и албанско-македонска копродукција, а негов режисер е Фатмир Кочи. Улогите ги играат Блерим Дестани, Масиела Луша и Џевдет Фери и др.
Во петок на 3 октомври во 20 часот следи филмот „Љубовни песни“. Режиран од Кристоф Оноре во 2007 година, со актерите Луј Гарел и Лидивин Сањие.
Потоа во сабота на 4 октомври во 20 часот следи „На моите усни“ на Жак Одијар од 2001. Улогите се на Венсан Касел и Емануела Дево.
По еднодневна пауза, програмата продолжува во понеделник на 6 октомври 20 часот со „Нејзината животна улога“, филм од 2003 година. Режисер на филмот е Франсоа Фавра, а улогите ги играат Ањес Жауи и Вијар Карин.
Фестивалот завршува во вторник на 7 октомври во 20 часот со проекција на „Отровница во тупаницата“. Филм снимен во 2004 година под режисерската палка на Филип Де Брока. Улогите ги играат Катрин Фро, Жил Ситрик, Жак Вилре и др.

0 comments:
Post a Comment