Блогот Кинотека е неофицијално огледало на филмската програма на Кинотеката на Македонија и, понекогаш, на некои други филмски настани.

Фестивал Манаки: „Светни светлина“ 2.10.2008 г. во 17ч. [Битола]

„Светни светлина“ е филм од 2008 режиран од Мартин Скорсезе кој документира два настапа во 2006 година на рокенрол бендот Ролинг Стоунс како дел од нивната „A Bigger Bang" турнеја. Истовремено филмот вклучува и архивски снимки од кариерата на бендот. Филмот е насловен според истоимената песна која е дел од нивниот албум „Бекство од главната улица“ (анг. Exile on Main St.) од 1972 година. Албум од звучната лента на филмот е издаден во април 2008 година од Јуниверсал.

Скорсезе ги снимил Ролинг Стоунс за време на нивните концерти во Њу Јорк на 29. октомври и 1. ноември 2006 во театарот „Beacon“. На концертните снимки им претходи краток полу-драматизиран вовед за подготовките за настапот, вкрстен со историски исечоци од вести и интервјуа со членовите на бендот. Настапите, кои биле додадени на турнејата поради снимањето на филмот, вклучиле поинаква листа на песни од типичната листа изведувана на другите концерти од турнејата, а во публиката се појавуваат познати личности како Бил Клинтон и Александар Кважњевски. Филмот исто прикажува заеднички настап на бендот со Бади Гај, Џек Вајт и Кристина Агилера.



Позади сцената, за време на настапот на 29. октомври, Ахмет Ертегун се здобил со повреди на главата од кои подоцна починал. Поради тоа, филмот му е посветен на Ертегун.

Филмот трае 120 минути.

(Никулец на мк.Википедија)

0 comments:

 
Кинотека. Design by Wpthemedesigner. Converted To Blogger Template By Anshul Tested by Blogger Templates.