Блогот Кинотека е неофицијално огледало на филмската програма на Кинотеката на Македонија и, понекогаш, на некои други филмски настани.

Убави, 10 април 2008 г. во 20 ч. [Кинотека] - Премиера

Премиера краткометражниот игран филм „Убави“ на Кирил Узунов.

„Убави“ е 27 минутен фантастично-драматичен психолошки трилер кој раскажува трогателна историја за нескротливата, неуништива сила на една вистинска доживотна љубов помеѓу двајца вљубени.

Во главните ролји се јавуваат Мелита Софрониоска и Кирил Поп-Христов-Кили. Мето Јовановски учествува како специјален гостин-ѕвезда, а во останатите улоги играат Емил Рубен, Јелена Галевски, Ѓорѓи Бисерков, Лиле Георгиева, Васил Михаилов и Григор Паскалов.

Сценариото, режијата, монтажата, музиката и монтажата на звук се на Кирил Узунов.
Кинематографер е Александар Карпузовски, тон инжинер Војче Николовски, сценограф Иван Вељановски, костимограф-маскер Мартин Павловски, одговорен за кастингот Игор Соколовски, продуцент Ѓорѓи Василевски, организатори Панче Мижимаков, Слободан Голубовиќ, Ѓорги Георгиевски и Силвана Јовановска.

Во филмот се искористени песните:

  • „Ветрови“ –продукција на МРТВ 1975 година, музика на Јанко Узунов, текст на Ѓоко Ѓоргиев, аранжман Кире Костов. Исполнува Јанко Узунов.
  • „Со цвеќе да ме пречекаш“ на МРТВ 1974 година, музика Јанко Узунов, текст Ѓоко Ѓоргиев, арранжман Драган Ѓаконовски–Шпато. Исполнува Јанко Узунов.

Локациите на кои е снимен филмот се факултетот за „Земјоделие и Храна“ и приватна куќа во Скопје.

Проектот е реализиран со финансиски средства доделени од Министерството за култура на Р. Македонија, во продукција на продуцентската куќа Блиц Кадар.

„Убави“ на 7-ми Март 2008 беше представен како практичен дел од одбраната на магистерскиот труд на Кирил Узунов на Националната Академија за Филмска и Театарска Уметност во Софија, Р. Бугарија.

0 comments:

 
Кинотека. Design by Wpthemedesigner. Converted To Blogger Template By Anshul Tested by Blogger Templates.