Блогот Кинотека е неофицијално огледало на филмската програма на Кинотеката на Македонија и, понекогаш, на некои други филмски настани.

Мулан, 8 и 9 април 2008 во 20 ч. [Кинотека]

(Фестивалот заврши. Следи цртан филм. :))

Мулан (анг. Mulan) е анимиран филм од 1998 година во производство на компанијата Дизни. Објавен е на 19 јуни 1998 г. и е триесет и шестиот филм во династијата на Дизни. Филмот е базиран на кинеската легенда за Хуа Мулан. Режисери на филмот се Тони Банкрофт (анг. Tony Bancroft) и Бери Кук (анг. Barry Cook), а приказната е обработена од повќе автори меѓу кои и Роберт Сан Сучи (анг. Robert D. San Souci) и Рита Хсиао (анг. Rita Hsiao).

Кога Хуните, водени од безмилосниот Кан Ју (Мигуел Ферер) ќе ја нападнат Кина секое семејство добива покана за мобилизација. Таткото на Мулан мора да оди во војска, но тој е премногу стар и нема да преживеет. Затоа Фа Мулан се маскира себе си како маж, ја зема поканата на татка си, униформата и оружјето и оди во војска знаејќи дека доколку ја фатат ќе ја убијат.

Малиот змеј Мушу (Еди Марфи), е разбуден од првиот предок на семејствто. Неговата задача е да ги собере сите предци кои треба да одлучат кого ќе пратат да ја штити Мулан. По различни избори за тоа кој ќе биде заштитникот Мушу треба да го повика „Големиот камен змеј“. Но, Мушу несакајќи го уништува змејот и му се отвара можност да им се приклучи на големите заштитници ако ја направи Мулан воен херој.

(Никулец на мк.Википедија.)

Филмот трае 90 минути.

0 comments:

 
Кинотека. Design by Wpthemedesigner. Converted To Blogger Template By Anshul Tested by Blogger Templates.