Како дел од својата програма за визуелни и медиа уметности, Центарот за нови иницијативи во ументоста и културата - Локомотива го претставува Northwest Film Forum од Сиетл и нивната селекција на филмови од регионот на Северозападниот Пацифик.
Гостин од Northwest Film Forum во Скопје е Dave Hanagan.
Филмови од крајот на линијата
„Апстрактната“ програма вклучува прекрасен микс на техники и пристапи – од деликатната анимација на чипкасти птици на Britta Johnson, до агресивната експлозија на монтажно лудило на Gretchen Hogue; од колажната френтична филмска апстракција која се развива во секојдневие на Matt McCormick, до тивката приказна на младото момче и велосипедот раскажана преку чистите stop-motion слики. Заедничката линија на овие филмови е во нивното чувство за љубопитност и нивната досетливост во рачната изработка.
Додека пак, „докуметнарната“ програма е претставена преку портретирање на места и истражувања во ефемерниот живот, кој можеби најдобро ја објаснува естетиката на северозападниот регион. На мое задоволство овие креативни изрази од далечниот раб на Америка сега патуваат низ светот. Овие 16 кратки филмови од Севарозападниот Пацифик го портретираат сензибилитетот на регионот од каде што потекнуваат и тие не зборуваат за Американската култура туку за човечките напори и индивидуалниот дух.
-Peter Lucas, Сиетл Интернационален Фестивал
11 април (петок), 2008
Анимации, Танц и Апстракција
14 филмови кои демонстрираат уникатни методи на филмско раскажување и креирање на слики.
But Soft12 април (сабота), 2008 Експериментални документарни филмови Руралниот и урбаниот карактер на регионот на Северозападниот Пацифик се испреплетува во овие документарни филмови.
(Britta Johnson, Seattle, 2006, 2min.)
Manquér
(Matt Daniels, Seattle, 2006, 7min.)
Disconnected
(Karl Lind, Portland, 2006, 3min.)
In Memory of Corrosion
(Jessie Smith, Seattle, 2007, 6min.)
Les Nanas
(Danielle Morgan, Seattle, 2004, 3min.)
Thought City
(Stefan Gruber, Seattle, 2000, 4.5min.)
The Vyrotonin Decision
(Matt McCormick, Portland, 1999, 7min.)
Measure
(Dayna Hanson, Seattle, 2001, 7min.)
Elsewhere
(Luke Sieczek, Seattle, 2005, 6min.)
Vernal Obeisance
(Jon Behrens & R.K. Adams, Seattle, 2003, 5min.)
Where’s My Boyfriend
(Gretchen Hogue, Portland, 2005, 2min.)
Why The Anderson Children Didn’t Come To Dinner
(Jamie Travis, Vancouver B.C., 2006, 16.5min.)
Foster Island
(Serge Gregory, Seattle, 2004, 5min.)
Portrait #2: Trojan
(Vanessa Renwick, Portland, 2006, 5min.)
The Subconscious Art of Graffiti Removal
(Matt McCormick, Portland, 2001, 16min.)
Who Is Bozo Texino?
(Bill Daniel, Portland, 2005, 56min.)
0 comments:
Post a Comment