Блогот Кинотека е неофицијално огледало на филмската програма на Кинотеката на Македонија и, понекогаш, на некои други филмски настани.

Скопско лето во Кинотека: „Изгубени во преводот“, 15.07.2014 (вторник), 21.00 часот

Проекции: 15.07.2014 (вторник), 21.00 часот

СКОПСКО ЛЕТО ВО КИНОТЕКА

„Изгубени во преводот“

Боб Харис е американски глумец во поодминати години. Заминува во Токио за да сними реклама за виски и ја сретува Шарлот, млада, убава и мажена за фотограф кој работи на проект во големиот град. Досадата ги исцрпува. Еден ден ќе се запознаат и стануваат чудно неразделни. Шарлот се обидува да си го најде местото во животот, а Боб ја поднесува просечноста на бракот што го чека во САД. Одделно и заедно осознаваат како е да се биде Американец во Токио. Културните и јазичните разлики си го прават своето. Нивната врска се продлабочува, а престојот во Токио се ближи кон својот крај....или само така ни' се чини?



(Lost in translation)
САД / 2003 година / 102 минути

режија и сценарио: Софија Копола;
улоги: Скарлет Јохансoн, Бил Мјуреј, Акико Такешита, Казијоши Минамимаго.

0 comments:

 
Кинотека. Design by Wpthemedesigner. Converted To Blogger Template By Anshul Tested by Blogger Templates.