Блогот Кинотека е неофицијално огледало на филмската програма на Кинотеката на Македонија и, понекогаш, на некои други филмски настани.

„Алис во градовите“, 23 септември (четврток), 20 часот

Прифатен како еден од најоригиналните филмови на Вендерс и често споредуван со „Детето“ на Чаплин, „Алис во градовите“ е првиот филм што Вендерс делумно го снима во САД. Во 1974 година филмот ја добива Наградата на германската критика.

Филип е германски патувачки репортер, кој по случајната средба со една необична Американка, колебливо се согласува да и` биде привремен старател на малата Алис. И додека ја бараат бабата на Алис низ европските градови, меѓу него и малата се развива пријателство. На инвентивен и духовит начин Вендерс ги претставува влијанијата на американската поп-култура во повоена Европа. „Алис во градовите“ е првиот филм од „патувачката“ трилогија на Вендерс. Негови продолжетоци беа „Погрешен потег“ (Wrong Move, 1975 год.) и „Кралеви на патот“ (Kings of Road, 1976 год.), каде повторно глуми Рудигер Волер.


Alice in den Städten/Alice in the Cities
игран филм/ ДВД/ 110`
Западна Германија
1974 година

Сценарио: Вим Вендерс, Веит вон Фурстенберг
Директор на фотографија: Роби Милер
Улоги: Рудигер Волер, Јела Ротландер, Лиза Кројцер, Еда Кохл, Ернест Боем

0 comments:

 
Кинотека. Design by Wpthemedesigner. Converted To Blogger Template By Anshul Tested by Blogger Templates.