Блогот Кинотека е неофицијално огледало на филмската програма на Кинотеката на Македонија и, понекогаш, на некои други филмски настани.

„Буква на срамот“, 22 септември (среда), 20 часот

Пуританска Америка, 17. век. Запуштено селце. Хестер Прин стои на „столбот на срамот“ и е принудена да ја носи буквата „А“ со црвена боја поради тоа што родила вонбрачно дете и одбива да го открие името на таткото. Љубовта и гордоста и` помагаат да го поднесе презирот на сограѓаните, кои гаат пуритански вредности. Еден ден се појавува постар човек, странец за сите освен за Хестер...


Der scharlachrote Buchstabe/ The Scarlet Letter
игран филм/ колор/ ДВД/ 90`
Западна Германија/Шпанија
1973 година

Сценарио: Танкред Дорст, Урсула Ехлер
Директор на фотографија: Роби Милер
Улоги: Сента Бергер, Ханс Крисиан Блех, Лу Кастел, Јелена Самарина, Јела Ротландер

0 comments:

 
Кинотека. Design by Wpthemedesigner. Converted To Blogger Template By Anshul Tested by Blogger Templates.