Проекција: 22.05.2014 (четврток), 12.00 и 20.00 часот
БУФ - ФЕСТИВАЛ НА ГЕРМАНСКИ ФИЛМОВИ ЗА ДЕЦА
„Летечката училница“
Таткото го испраќа дванаесетгодишниот Јонатан во интернатот на Томанерите. Тоа е неговата последна шанса откако морал да смени шест училишта. Во интернатот брзо си наоѓа нови другарчиња. Цимерите му го покажуваат тајното скривалиште во еден напуштен вагон. Една вечер ненадејно се појавува сопственикот на вагонот. Боб по долго време повторно се вратил во Лајпциг и им дозволува на момчињата и понатаму да го користат вагонот. Таму го пронаоѓаат ракописот од претставата „Летечката училница“ која сакаат да ја изведат наместо сцената од раѓањето на Исус. Меѓутоа раководителот на хорот Јустус не го дозволува тоа. Децата насетуваат дека има некаква поврзаност меѓу забраната, Боб и Јустус..jpg)
(Das fliegende Klassenzimmer)
игран филм, Германија
2002, 110 мин., колор, ДВД
режија: Томи Виганд (Tomy Wigand);
сценарио: Хенриет Пипер, Франциска Бух (Henriette Piper, Franziska Buch);
улоги: Урлих Нојтен, Себастијан Кох, Пит Клоке (Ulrich Noethen, Sebastian Koch, Piet Klocke).
0 comments:
Post a Comment