Проекции: 20.05.2014 (вторник), 12.00 и 20.00 часот
БУФ - ФЕСТИВАЛ НА ГЕРМАНСКИ ФИЛМОВИ ЗА ДЕЦА
„Точкичка и Антон“
Детскиот филм на Каролине Линк „Точкичка и Антон“ е втора адаптација на истоимениот роман од Ерих Кестнер, објавен во 1931 година. Десетгодишниот Антон расте без татко. Кога мајка му се разболува тој ја презема нејзината работа во сладоледџилницата. Секако, тоа се одразува на неговите оценки во училиштето. Кога наставникот Бремзер ќе сака да го казни и за една тепачка, соученичката Луизе Поге, наречена Точкичка, застанува во одбрана на Антон. Точкичка е дете од богато семејство, но нејзините родители немаат време за неа. Антон сонува да собере пари за одмор на мајка му на море. Во безилезноста ќе украде скапа запалка од вилата на семејството Поге и со тоа се доведува себе си и мајка си во неволја.
(Annaluise & Anton)
игран филм, Германија
1999, 107 мин., колор, ДВД
режија: Каролине Линк (Caroline Link);
сценарио: Каролине Линк според новелата на Ерих Кестнер (Caroline Link, Erich Kästner);
улоги: Елеја Гајслер, Макс Фелдер, Џулијане Келер (Elea Geissler, Max Felder, Juliane Köhler).
0 comments:
Post a Comment