Проекции: 21.12.2013 (сабота), 20.00 часот
ОД КАТЕДРАТА ЗА ФИЛМСКА И ТВ РЕЖИЈА НА ФДУ
„Би се викал Барбара“
Едно момче од предградието на Скопје има само еден сон во животот - еден ден да стане популарна пејачка. Тој не е „тој“, туку е „таа“, и таа се чувствува како жена од кога знае за себе. Документарецот ја следи нејзината борба со предрасудите на околината.

документарен филм, ФДУ
2013, 10 мин., ДВД
режија: Ана Јакимска;
камера: Бранко Костески;
монтажа: Сашко Потер Мицевски.
„Сидо“
Филмот го истражува интимниот свет на еден професор по филозофија од Скопје, кој има направено преку 100 аматерски филмови и кој вели дека живее за филмот. Единствената цел во животот на Сидо е да сними долгометражен филм во кој ќе ја смести целата своја животна филозофија.

документарен филм, ФДУ
2013, 10 мин., ДВД
режија: Тамара Котевска;
камера: Тамара Котевска;
монтажа: Тамара Котевска.
„Bye, bye America“
Станко е скопски таксист кој долго време живеел во Чикаго. Тој бил многу блиску до остварување на својот американски сон, но на крајот сепак не успеал и морал да се врати дома. Филмот е патување низ неговата меланхолија за еден можен живот кој никогаш не се остварил до крај.
документарен филм, ФДУ
2013, 10 мин., ДВД
режија: Лидија Мојсовска;
камера: Бранко Аврамовски;
монтажа: Лидија Мојсовска.
„P.U.A. - The Pick Up Artist“
П.У.А. е уметност на заведување девојки. Протагонистот на овој филм, Филип, досега има заведено над 200 девојки користејќи ги техниките на оваа уметност. Но, Филип не бил секогаш толку добар со девојките.
документарен филм, ФДУ
2013, 10 мин., ДВД
режија: Ајдин Ислами;
камера: Ајдин Ислами;
монтажа: Сандра Ѓоргиева.
„Macedonia uber alles“
Во Битола расте национализмот и гордеењето со македонштината. Секој ден на улиците се појавуваат нови графити со националистичка содржина. Група млади луѓе го спасуваат градот со тоа што секоја вечер излегуваат на улица и со црвен спреј ги пречкртуваат овие шовинистички графити.
документарен филм, ФДУ
2013, 8 мин., ДВД
режија: Кристина Ризоска;
камера: Кристина Ризоска;
монтажа: Кристина Ризоска.
„Направи сам“
Скејтерите во Скопје бараат начин како да стигнат до добар скејт парк. Откако сите разговори со политичари и официјални претставници на општината нема да успеат, тие решаваат да ги преземат работите во свои раце и сами да го направат овој парк. Документарецот го следи создавањето на првиот скопски DIY скејт парк.
документарен филм, ФДУ
2013, 16 мин., ДВД
режија: Андреј Георгиев;
камера: Кристијан Караџовски;
монтажа: Михаил Димитров.
„За сонот“
Михаил Чорев има 14 години и кога заспива навечер, тој секогаш сонува за тоа што ќе се случи после 10 години. Паралелно, режисерот на овој документарец успева повторно да го собере своето рап друштво после 10 години и заедно со нив снима нова рап химна.
документарен филм, ФДУ
2013, 15 мин., ДВД
режија: Дејан Џолев;
камера: Дејан Џолев;
монтажа: Дејан Џолев.
0 comments:
Post a Comment