Проекции: 20.12.2013 (петок), 20.00 часот
„Бездомник“
Депресивен и мошне уплашен млад човек, по многу години поминати дома ќе се реши да излезе надвор. Ноќта е тивка, а неговата цел е да стигне до црквата кадешто без никој да го види ќе може да му се помоли на Бога. Попат тој сретнува чудни ликови, како „Ѓаволот“, „Детето-ангел“ и „Кловнот“, по што уште повеќе ќе се уплаши и ќе се запраша што не е во ред со реалноста. Меѓутоа, тенка е границата помеѓу внатрешната реалност, онаа што ја носиме внатре во нас, и онаа надворешната, на која мислиме дека немаме никакво влијание...
краток игран филм, Република Македонија
режија и сценарио: Небојша Јовановиќ;
улоги: Роберт Ристов, Ефтим Трајчов Ѓаурски, Славиша Каевски, Крсте Јовановски, Сања Русеска.
0 comments:
Post a Comment