Проекции: 11.12.2013 (среда), 20.00 часот
„Сѐ за мојата мајка“
Медицинската сестра Мануела наеднаш останува без син - трчајќи да земе автограм од својата омилена актерка, Естебан ќе биде прегазен од автомобил. Мануела заминува за Барселона, да го извести таткото на Естебан за трагичниот настан. Тој пак, покрај тоа што и не знае дека имал син, сега повеќе не се смета себе си за маж, односно живее како трансвестит по име Лола. Попат, Мануела се запознава и се зближува со уште неколку чудни ликови, како бремената калуѓерка Роса, трансвеститот Аградо, актерката Рохо и нејзината љубовничка Нина, и својот живот се обидува да го да го избалансира помеѓу тагата, љубовта и пријателството.
(Todo sobre mi madre / All About My Mother)
игран филм, Шпанија / Франција
1999, 101 мин., колор, 35 мм
сценарио и режија: Педро Алмодовар (Pedro Almodóvar);
улоги: Сесилија Рот, Мариса Паредес, Кандела Пења, Пенелопе Круз, Антониjа Сан Хуан (Cecilia Roth, Marisa Paredes, Candela Peña, Penélope Cruz, Antonia San Juan).
0 comments:
Post a Comment