Проекции: 09.12.2013 (понеделник), 20.00 часот
БУГАРСКИ ФИЛМСКИ ПОНЕДЕЛНИК
„Странецот“
Младиот Французин Жерар се вљубува во Магдалена, девојка од Бугарија која има доста жив темперамент и нерафинирано однесување. Следејќи го своето срце, тој ќе го најде патот до нејзиното село, но ќе се судри со табиетот и алчноста на нејзиното семејство. Жерар минува низ низа недоразбирања и комични ситуации, особено заради тоа што не го познава локалниот јазик, но сепак останува голем оптимист и се надева дека ќе ја донесе девојката со себе во Париз за таа да ги запознае неговите родители.
(Чужденецът / The Foreigner)
игран филм, Бугарија
2012, 100 мин., колор, ДВД
режија и сценарио: Ники Илиев;
улоги: Љубомир Ковачев, Сања Борисова, Ники Илиев, Валентин Гошев (Любомир Ковачев, Саня Борисова, Ники Илиев, Валентин Гошев).
0 comments:
Post a Comment