Проекции: 21.11.2013 (четврток), 20.00 и 22.00 часот
СИНЕДЕЈС, 12-то издание на фестивалот на европски филм
14-23 ноември 2013
www.cinedays.mk
ЕКВАДОР ВО ФОКУС ВО КИНОТЕКА
20.00 часот
„Опушти се“
Во документарецот „Опушти се“, студентите од Институтот за визуелни уметности во Кито ја следат австриската група „Мaрлин енд Стерн“ на турнејата низ Еквадор. Лиса Стерн е успешна пејачка и актерка, а Ерик Шпицер-Мaрлин е композитор кој бил задолжен за звукот на голем број филмски проекти меѓу кои и оние на легендарниот режисер Вернер Херцог. Нивната музика е тивка и релаксирачка, но притоа комбинираат и голем број на други елементи во своите креации.
LET YOURSELF GO / DEJARSE LLEVAR
Времетраење / Runtime: ‘71
Режија / Director: Eric Spitzer - Marlyn
Продуцент / Produced by: Irina López
Кинематографер / Cinematography by: Fabián GuamanÍ, Daniel Ordóñez
Монтажа / Film Editing by: Daniel Ordóñez
22.00 часот
Кратки еквадорски филмови
Шума за живеење (2012) на Ивон Камповерде зборува за животот и за преживувањето во еквадорските дождовни шуми.
Работнички херој (2009) на Хозе Замбрано претставува еден брутален поглед на животот во пост-нуклеарниот холокауст во пост-апокалиптичниот Еквадор… или не?
Џеки (2011) од Хозе Игнасио Кореа; Еден свештеник се помирува со сопствениот сексуален идентитет.
Идентитет (2005) е филм на Ници Грау, во кој една млада жена, еден ден открива дека сите претпоставуваат дека таа всушност е нешто сосема поинакво од она што мисли дека е. Добитник на наградата за најдобар краток филм на фестивали во Еквадор, Перу и САД.
Херико (2011) е филм на Кристобал Инфанте. Адријана заедно со својот свршеник оди во посета кај својата мајка за нејзиниот роденден, но таа сега е во недоумица за својата иднина. Филмот беше дел од официјалната селекција на фестивали во Бразил, Уругвај, Боливија и Мексико.
Катарза (2013) е филм на Давид Саманиего. Во него е претставена една двојка која ја преиспитува својата врска.
За двајца (2013) филм на Алваро Тапиа. Ерата на неми филмови во Еквадор е оживеана на волшебен начин во оваа приказна за авантурите на две момчиња во земјата во раните години на 20 век.
Балтазар Ушка – Ледениот човек (2008) е филм на Игор Гвајасамин и Хосе Антонио Гвајасамин. На Чимборазо, еден од највисоките вулкани на светот, на надморска височина од 6.250 метри, Балтазар Ушка, последниот „леден човек“, продолжува со својот триесетгодишен макотрпен труд. Тој крши блокови мраз за потоа да ги продава на локалните пазари во селото Гуаранда. Овој документарен филм вклучува снимки од „ледени луѓе“ снимени во 70-тите години со цел да ни даде целосен приказ на една традиција во умирање.
0 comments:
Post a Comment