Проекции: 03.11.2013 (недела), 18.00 и 20.00 часот
НЕДЕЛА НА ТУРСКИ ФИЛМ
18.00 часот
„Долга приказна“
Екранизација на романот на Мустафа Куртлу, „Долга приказна“ го следи животот на Али, кој како момче емигрира од Бугарија во Турција, и се соочува со нова средина, токму со срцето на Истанбул. Како младо момче, тој се вљубува во Мунире, ќерката на сопственик на кино и по низа перипетии, тие оформуваат семејство. Следните две децении, во шеесеттите и седумдесеттите години, често го менуваат местото на живеење во потрага по егзистенција, но тоа за Али е секогаш борба од која излегува како победник. Тој има вроден инстинкт за изнаоѓање решенија, но без да отстапи од своите принципи. Нивната авантура е подеднакво тажна, модерна и романтична...
(Uzun Hikaye / A Long Story)
игран филм, Турција / Германија
2012, 125 мин., колор, ДВД
игран филм, Турција / Германија
2012, 125 мин., колор, ДВД
режија: Осман Синав (Osman Sinav);
сценарио: Јигит Ѓуралп, Мустафа Кутлу (Yigit Güralp, Mustafa Kutlu);
улоги: Кенан Имирзалиолу, Туче Казаз, Алтан Еркекли, Ѓувен Кирач, Зафер Алѓоз (Kenan Imirzalioğlu, Tuğçe Kazaz, Altan Erkekli, Güven Kiraç, Zafer Algöz).
20.00 часот
„Интернационала“
За време на воениот удар во раните осумдесетти, група музичари се принудени да свират на воена парада. Заради полицискиот час и воведените нови правила од страна на војската, тие повеќе не можат да свират навечер, на улица и по кафеани, а тоа сериозно им ја нарушува егзистенцијата. Младите, особено се гневни и размислуваат за покренување револуција и фантазираат за подемократска иднина. Во такви услови, тие се подготвуваат да ги изненадат воените великодостојници - во воениот марш да ја вметнат Интернационалата, светски позната мелодија на социјалистите и левоориентираните.
(Beynelminel / The International)
игран филм, Турција
2006, 105 мин., колор, ДВД
режија: Муарем Ѓулмез, Сири Суреја Ондер (Muharrem Gülmez, Sırrı Süreyya Önder);
сценарио: Сири Суреја Ондер (Sırrı Süreyya Önder);
улоги: Џезми Баскин, Озѓу Намал, Умут Курт, Бахри Бејат, Мерал Окај (Cezmi Baskin, Özgü Namal, Umut Kurt, Bahri Beyat, Meral Okay).
0 comments:
Post a Comment