Проекции: 10.10.2013 (четврток), 18.30 часот
ДЕНОВИ НА АРГЕНТИНСКИ ФИЛМ
„Кинеска приказна“
Роберто е осамен човек кој живее во Буенос Аирес и е сопственик на една продавница за алати. Тој е колекционер на бизарни вести од весниците кои ги собира во еден албум и не остварува нови пријателства. Еден ден Роберто ќе го запознае кинезот Јун и ќе му помогне кога тој ќе се најде во неволја. Но, Јун не знае да зборува шпански јазик, а еднственото нешто кое може да му помогне е тетоважата на улична адреса на неговото тело. Кога Роберто ќе ја дознае трагичната животна приказна на Јун, ќе реши да му помогне.
(Un cuento chino)
игран филм, Аргентина
2011, 93 мин., колор, ДВД
режија и сценарио: Себастијан Боренштајн (Sebastián Borensztein);
улоги: Рикардо Дарин, Муриел Санта Ана, Игнасио Хуанг, Иван Романели (Ricardo Darín, Muriel Santa Ana, Ignacio Huang, Iván Romanelli).
0 comments:
Post a Comment