Блогот Кинотека е неофицијално огледало на филмската програма на Кинотеката на Македонија и, понекогаш, на некои други филмски настани.

„Тајна“, 11.07.2013 (четврток), 21.00 часот

Проекции: 11.07.2013 (четврток), 21.00 часот

ФИЛМОВИ ШТО НЕ СМЕЕ(В)ТЕ ДА ГИ ПРОПУШТИТЕ

Билетот чини 50 денари (25 ден. за студенти и пензионери).

„Тајна“

Филмот го следи Максим Натан и неговото еврејско семејство во Франција за време на Втората светска војна. Франсоа Гримбер расте во Париз во 1950 година. Тој е слабичок, болежлив син на двајца атлетски родители, Тања и Максим. Франсоа сонува за еден посилен и похаризматичен постар брат со кој би компензирал за своето чувства на несоодветност. Но, тој постепено дознава за трагичното минато на неговите родители како и за тоа дека има полубрат по име Симон. Симон е голема тајна, а откритието ја отвора вратата за разврска, но и за поголеми енигми.



(Un secret)
игран филм, Франција
2007, 105 мин., колор, 35 мм
режија: Клод Милер (Claude Miller);
сценарио: Клод Милер, Натали Картер (Claude Miller, Natalie Carter);
улоги: Сесил Де Франс, Патрик Брул, Џули Депардје (Cécile De France, Patrick Bruel, Julie Depardieu).

0 comments:

 
Кинотека. Design by Wpthemedesigner. Converted To Blogger Template By Anshul Tested by Blogger Templates.