Блогот Кинотека е неофицијално огледало на филмската програма на Кинотеката на Македонија и, понекогаш, на некои други филмски настани.

„Осаменоста на простите броеви“, 10.07.2013 (среда), 21.00 часот

Проекции: 10.07.2013 (среда), 21.00 часот

ФИЛМОВИ ШТО НЕ СМЕЕ(В)ТЕ ДА ГИ ПРОПУШТИТЕ

Билетот чини 50 денари (25 ден. за студенти и пензионери).

„Осаменоста на простите броеви“ 

Филмот е базиран на бестселерот на Пауло Џордано, дваесет и седумгодишен доктор по физика којшто ја темели неговата книга на идејата дека неговите два главни лика се како простите броеви. Можат да се поделат само со еден и со нив самите, па така тие се засекогаш споени, но истовремено и разделени. Преку оваа структура, филмот ја раскажува приказната на Матија и Алис од нивното детство, преку пубертетот па се до созревањето. Матија станува брилијантен математичар а Алис фотограф, но нивните лични животи се во постојан хаос. Како и во книгата, магијата на филмот се наоѓа во одекот што двајцата протагонисти го наоѓаат во меѓусебните животи. Како што Матија и Алис созреваат, почнуваат да се конфронтираат со родителите и другарите, кои истовремено се фасцинирани и чувствуваат одбивност кон нивната индивидуалност.


(La solitudine dei numeri primi)
игран филм, Италија / Германија / Франција
2010, 118 мин., колор, 35 мм

режија: Саверио Костанзо (Saverio Costanzo);
сценарио: Паоло Џордано, Саверио Костанзо (Paolo Giordano, Saverio Costanzo);
улоги: Алба Рорвахер, Мартина Албано, Изабела Роселини, Томасо Нери (Alba Rohrwacher, Martina Albano, Isabella Rossellini, Tommaso Neri).

0 comments:

 
Кинотека. Design by Wpthemedesigner. Converted To Blogger Template By Anshul Tested by Blogger Templates.