Проекции: 19.05.2013 (недела), 20.00 часот
МИМИЦА И БАУЕР: Гостување на Хрватската кинотека во Скопје и Битола
„Лице в лице“
На еден партиски состанок во претпријатието, работникот Милун Копривица ќе се побуни заради, според него, незаслужениот отказ што му е даден на колегата Милевски. Милун го обвинува директорот Чумиќ, инаку негов некогашен соборец, сметајќи дека отказот е одмазда кон отпуштениот бидејќи тој се спротивставил на една негова сомнителна одлука. Од друга страна, Чумиќ го обвинува Милун дека тој го напишал анонимното писмо до комитетот, во кое се критикува работата на директорот. Некои работници се отворено на страната на директорот, некои се двоумат, а многумина, иако уверени во невиноста на Милун, не протестираат заради страв од можните последици.

(Licem u lice)
игран филм, Хрватска
1963 година, 81 мин., црно/бел, 35 мм
режија: Бранко Бауер (Branko Bauer);
сценарио: Богдан Јовановиќ (Bogdan Jovanović); улоги: Илија Џувалековски, Хусеин Чокиќ, Драго Митровиќ, Владимир Поповиќ, Милан Срдоч (Ilija Džuvalekovski, Husein Čokić, Drago Mitrović, Vladimir Popović, Milan Srdoč).
0 comments:
Post a Comment