Блогот Кинотека е неофицијално огледало на филмската програма на Кинотеката на Македонија и, понекогаш, на некои други филмски настани.

„Авантурите на Присила, пустинската кралица“, 01-02.02.2013 (петок и сабота), 20.00 часот

Проекции: 01-02.02.2013 (петок и сабота), 20.00 часот

„Авантурите на Присила, пустинската кралица“

Познати сиднејски транссексуалци добиваат покана за настап во едно одморалиште во Алис Спрингс, но за да стигнат до таму, мораат да ја преминат големата австралиска пустина, речиси целиот континент. На пат тргнуваат со виолетовиот автобус „Присила“ и со пријател трансексуалец кој ќе им се приклучи во настапот. Попат се среќаваат со личности кои го прифаќаат или го осудуваат нивниот стил на живот, влегуваат во неволји и незгодни ситуации од кои се извлекуваат со многу хумор и снаодливост. Попат, исто така, подобро се запознаваат еден/една со друг/друга, си ги разоткриваат тајните, дилемите и проблемите, се зближуваат и го зацврстуваат пријателството. Со многу музика, облечени во екстравагантни костими и со пренагласена шминка, патувањето до Алис Спрингс го претвораат во постојан настап пред, за нив, замислена публика.

Филмот е добитник на неколку меѓународни награди за костим, меѓу кои и „Оскар“ и „БАФТА“ во 1995 година, како и награда од публиката на Филмскиот фестивал во Кан истата година. Во 2006, според филмот беше поставен и истоимен мјузикл успешно изведуван во Сиднеј, Лондон и Њујорк.



(The Adventures of Priscilla, Queen of the Desert)
игран филм, Австралија / Велика Британија
1994, 104 мин., колор, 35 мм

сценарио и режија: Стефан Елиот (Stephan Elliott);
улоги: Хјуго Вивинг, Гај Пирс, Теренс Стемп, Бил Хантер (Hugo Weaving, Guy Pearce, Terence Stamp, Bill Hunter).

0 comments:

 
Кинотека. Design by Wpthemedesigner. Converted To Blogger Template By Anshul Tested by Blogger Templates.