Блогот Кинотека е неофицијално огледало на филмската програма на Кинотеката на Македонија и, понекогаш, на некои други филмски настани.

„Превртено“, 30-31.01.2013 (среда-четврток), 20.00 часот

Проекции: 30-31.01.2013 (среда-четврток), 20.00 часот 

„Превртено“ 

Темни агли во градот, архитектура без трага од софистицираност и хуманост, депресивни затворени простори - ова е амбиентот во кој се одвива тажната животна драма на Јан Лудвиг. Самиот Јан се сеќава на одвоени поглавја од својот живот, како ретроспективи, додека патува со воз којшто клопотари низ тмурниот пејзаж, во друштво на случајна сопатничка чиј мизерен надворешен изглед ја прави олицетворување на најмрачните судбини. Јан бил надарен студент, а по некоја случајност и талентиран цирскуски актер. Но светот во кој живее го води само кон самоуништувачки дела...



игран филм, Република Македонија
2007, 105 мин., колор, 35 мм
режија: Игор Иванов-Изи;
сценарио: Игор Иванов-Изи, Венко Андоновски, по мотиви од роман на Венко Андоновски;
улоги: Милан Тоцинoвски, Сања Трајковиќ, Славиша Кајевски, Никола Ристановски, Ѓорѓи Јолевски.

0 comments:

 
Кинотека. Design by Wpthemedesigner. Converted To Blogger Template By Anshul Tested by Blogger Templates.