Блогот Кинотека е неофицијално огледало на филмската програма на Кинотеката на Македонија и, понекогаш, на некои други филмски настани.

„Виновен под претпоставка“, „Холандска светлина“ и „Црн дијамант“, 20.04.2012 (петок), 18.00 и 20.00 часот

Проекции: 20.04.2012 (петок), 

18.00 часот - ФИЛМОВИ ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА

„Виновен под претпоставка“

Двајца млади мексикански адвокати се обидуваат да докажат дека еден човек е неправедно осуден и го снимаат овој документарен филм. Во самиот процес, тие ги анализираат контрадикторностите во правниот систем на Мексико, според кои осомничениот е виновен сè додека не се докаже спротивното - дека не е виновен.



Presumed Guilty / Presunto Culpable
документарен филм / 2008 година / 87 минути / колор / ДВД
Мексико
режија: Роберто Хернандез, Џефри Смит (Roberto Hernández, Geoffrey Smith).

20.00 часот - НОВ ХОЛАНДСКИ ДОКУМЕНТАРЕН ФИЛМ

„Холандска светлина“

Според едно старо верување, светлината во Холандија има посебни карактеристики, единствени, но тоа никогаш не било научно докажано. Посебноста на холандската светлина е очигледна во уметноста, а како доказ за тоа се делата на Јоханес Вермер, Филипс Конинк и Јан ван Гојен. Холандската светлина е посебно доживување, од почеток до крај.

Dutch Light
документарен филм / 2011 година / 53 минути / колор / Дигитал Бета
Холандија
режија: Петер Рим Де Крон (Pieter Rim De Kroon).

„Црн дијамант“

Излегуваат во трендовски барови, возат луксузни автомобили, се натпреваруваат кој ќе купи поголема куќа, одат во шопинг. Во Јужна Африка пристигна и средната класа. Филмот го следи нивниот живот како новопечени богаташи.

Black Diamond
документарен филм / 2010 година / 50 минути / колор / Дигитал Бета
Холандија
режија: Саскиа Вредевелд (Saskia Vredeveld).

0 comments:

 
Кинотека. Design by Wpthemedesigner. Converted To Blogger Template By Anshul Tested by Blogger Templates.