Блогот Кинотека е неофицијално огледало на филмската програма на Кинотеката на Македонија и, понекогаш, на некои други филмски настани.

Филмови на македонски автори, 13-14.03.2012 (вторник-среда), 20.00 часот

Проекции: 13-14.03.2012 (вторник-среда), 20.00 часот

„Најденка“

Игран приказ на еден древен пагански обичај за оздравување на болно дете во кривопаланечкиот крај.

игран филм / Република Македонија
2002 година / 18 минути / колор / 35мм
Сценарио и режија: Трендафилов Блаже
Улоги: Ѕвездана Ангеловска, Драган Довлев

„Глас“

Раководството на најтиражниот весник во земјата, „Глас“, заедно со луѓе од Владата, ќе се обиде весникот да го доведе до стечај и ефтино да го купи. За таа цел за директор ја поставуваат младата новинарка Ана, полна со ентузијазам, но мошне наивна за игрите што се плетат зад нејзиниот грб.

игран филм / Република Македонија
2000 година / 36 минути / колор / 35мм
Режија: Филип Апостоловски
Сценарио: Огнен Георгиевски
Улоги: Синоличка Трпкова, Емил Рубен, Александар Шехтански, Димче Мешковски

„Писмо“ (The Letter)

Еден поштар има „моќ“ да ја прочита содржината на писмата без да ги отвора и да ги предвиди последиците што тие писма ги предизвикуваат...

игран филм / Република Македонија/Холандија
2000 година / 40 минути / колор / 35мм
Сценарио и режија: Васил Христов
Улоги: Емил Рубен, Бранко Ѓорчев, Силвија Стојановска, Александар Микиќ


 


0 comments:

 
Кинотека. Design by Wpthemedesigner. Converted To Blogger Template By Anshul Tested by Blogger Templates.