Блогот Кинотека е неофицијално огледало на филмската програма на Кинотеката на Македонија и, понекогаш, на некои други филмски настани.

Филмови на македонски автори, 10-11.03.2012 (сабота-недела), 20.00 часот

Проекции: 10-11.03.2012 (сабота-недела), 20.00 часот

„Хофманова 13“

Приказна меѓу сонот и јавето за перверзните игри во главата на осамен, средовечен човек, кој со помош на жената-фантом мечтае за свој харем....

игран филм / Република Македонија
2000 година / 30 минути / колор / 35мм
Сценарио и режија: Маја Младеновска
Улоги: Диме Илиев, Мајда Тушар

„Тунел“

Соочен со смртоносната СИДА, еден млад човек едноставно сака да избега од себе, да избрише се`, да кликне „рестарт”. Она што следува понатаму е визија на другата димензија, во која средбата со вирусот е начин како да се неутрализира една негативна енергија...

игран филм / Република Македонија
2000 година / 18 минути / колор / 35мм
Сценарио и режија: Огнен Димитровски
Улоги: Тони Михајловски, Срѓан Јаниќиевиќ, Верица Недевска, Зоран Ристевски

„Exit“

Едно младо момче од Скопје се обидува да најде излез од животот користејќи се со Интернет...

игран филм / Република Македонија
2000 година / 18 минути / колор / 35мм
Сценарио и режија: Борјан Зафировски
Улоги: Срѓан Јаниќиевиќ, Холи Ингелтон, Марк Паронс

„Мис Амнезија“

Една девојка се буди на клупа во парк. На ништо не се сеќава. Филимон Варадинов, постар господин, се обидува да и' помогне да се сети која е и од каде доаѓа...

игран филм / Република Македонија
2000 година / 18 минути / колор / 35мм
Сценарио и режија: Марија Џиџева
Улоги: Ѕвездана Ангеловска, Владимир Светиев

„Чарли Паркер љубов моја“

Во неколку амбиенти што се менуваат, еден млад човек на саксофон ги свири композициите на прочуениот саксофонист Чарли Паркер. Тој е свештеник кој ја отфрла мантијата за да и' се посвети на музиката на својот миленик...

игран филм / Република Македонија
1994 година / 26 минути / колор / 35мм
Режија: Аљоша Симјановски
Сценарио: Димитар Грбевски, Аљоша Симјановски
Улоги: Кирил Ристевски

 

0 comments:

 
Кинотека. Design by Wpthemedesigner. Converted To Blogger Template By Anshul Tested by Blogger Templates.