Блогот Кинотека е неофицијално огледало на филмската програма на Кинотеката на Македонија и, понекогаш, на некои други филмски настани.

Tркалезна маса и Селекција на македонски аматерски филмови, 21.12.2011 (среда), 12.00 и 20.00 часот

Проекции: 21.12.2011 (среда), 20.00 часот

12.00 часот

Тркалезна маса за филмската публицистика и филмолошката литература во Македонија

На 21 декември Кинотеката одбележува 30 години од појавата на првата филмолошка книга во Македонија - книгата Филмот и политичкото од Томислав Османли (Млад борец, 1981). По тој повод, со отворена дискусија во форма на Тркалезна маса ќе се проговори за филмската публицистика и состојбите со филмолошката литература кај нас.


20.00 часот
Промоција на книга на Илинденка Петрушева и проекција на селекција на македонски аматерски филмови

Во киносалата на Кинотеката на Македонија ќе се одржи промоцијата на книгата „Време на игри и соништа“ (аматерскиот филм во Македонија од 1935 до 2011 година) на Илинденка Петрушева. Промотори на книгата се проф. д-р Јелена Јужина и проф. д-р Иван Џепаровски.

Својата нова книга Петрушева ќе ја почне со: Најголемата моја лудост од мали нозе беше - филмот! А зависник од аматерскиот филм - од денот кога стапнав во Академскиот киноклуб и кога дома цели денови со Хуан Карлос развивавме (во дозни) 8мм филмски ленти - колор, Фераниа. И потоа монтиравме!

По промоцијата на книгата следи и проекција на селекција на македонски аматерски филмови.  


ИЛИНДЕНКА ПЕТРУШЕВА: Филмски критичар, публицист, советник-филмолог. Родена во 1944 година, школување во Скопје и Загреб. Со филмска критика се занимава од почетокот на седумдесеттите години од минатиот век, објавувајќи филмски рецензии и есеи во Филм-фокус, Вечер, Културен живот, Денес, Премин и во други домашни и странски списанија. Таа е еден од иницијаторите за востановување на Фестивалот на филмската камера во Битола. Во 1974 година е еден од основачите на Кинотеката на Македонија.

0 comments:

 
Кинотека. Design by Wpthemedesigner. Converted To Blogger Template By Anshul Tested by Blogger Templates.