Блогот Кинотека е неофицијално огледало на филмската програма на Кинотеката на Македонија и, понекогаш, на некои други филмски настани.

Македонски кратки документарни филмови: „Метох“ и „Годините го чинат своето“ (Бено Русо и Роза Камхи), 22.12.2011 (четврток), 20.00 часот

Проекции: 22.12.2011 (четврток), 20.00 часот

„Метох“

Дваесетминутниот документарец е сниман во македонските манастири „Св. Јован Крстител”, познат како Бигорски манастир и во женскиот манастир „Св. Ѓорѓи Победоносец” во Рајчица, покрај Дебар. Терминот „метох“ означува имот во владение на некој манастир, а манастирот во Рајчица, каде е снимен најголем дел од филмот, е метох на бигорскиот манастир. Филмот прикажува дел од секојдневието на македонската монашка заедница и мотивите кои инспирирале некои од нејзините членови да ја донесат одлуката за замонашување. „Метох“ зборува за радоста, едноставноста и за љубовта кон Бога.




документарен филм / 2011 година / 20 минути / колор / Blue Ray
Република Македонија


Режија: Стојан Вујичиќ;
Сценарио: Наташа Бунтеска;
Продуцент: Огнен Антов;
Директор на фотографија: Емил Јовановски.
Езоп продукција
Дрим Фактори продукција



„Годините го чинат своето“ (Бено Русо и Роза Камхи)

Приказна за една љубов, војна, холокауст, но и завештание - Да не се заборави, и како што вели Роза: „И единствено се надевам дека еден ден, кога луѓето ќе поминуваат покрај онаа куќа во Битола каде Бено и јас се сретнавме, и каде Естреја и Жамила и Адела и сите ние правевме планови за нашата иднина, еден ден, луѓето ќе знаат за некои многу храбри млади луѓе од Македонија и за тоа што направивме за нашиот град и за нашиот народ“.


документарен филм / 2011 година / 16 минути / Blue Ray
Република Македонија


Режија: Стојан Вујичиќ;
Сценарио: Едвар Серота;
Продуцент: Огнен Антов;
Глумци: Сабина Ајрула, Емил Рубен.
Дрим Фактори продукција

0 comments:

 
Кинотека. Design by Wpthemedesigner. Converted To Blogger Template By Anshul Tested by Blogger Templates.