Проекции: oд 9-ти до 12-ти ноември 2011
СОВРЕМЕН СЛОВЕНЕЧКИ ФИЛМ 2011
во рамките на Фестивалот на европски филм „СИНЕДЕЈС“ (CINEDAYS)
Во кино-салата на Кинотеката на Македонија ќе можете да погледнете дел од филмовите кои се дел од програмата „Земја во фокус - Словенија“, во рамките на јубилејниот, 10-ти по ред, фестивал на европски филм „СИНЕДЕЈС“.
Оваа програма започнува во среда, 9-ти ноември, во 20.00 часот, со проекцијата на најконтроверзниот филм на Дамјан Козоле, „Словенка“. Следи „Во лер“, филм на Јанез Бургер, „Леб и млеко“ на Јан Цвитковиќ, „Зуење во главата“ на режисерот Андреј Кошак, ... Како и ревии на филмови на Андреас Дрезен, и на Паоло Вирзи.
Во рамките на „СИНЕДЕЈС“ ќе следат и денови на грузиски филм.
Информациите за програмата во рамките на „СИНЕДЕЈС“ и филмовите кои ќе бидат прикажувани во Кинотеката на Македонија, можете да ги следите на блогот на Кинотека на Македонија.
„СИНЕДЕЈС“ официјално ќе биде отворен во четврток, 10-ти ноември, со почеток во 20.00 часот, со гала премиерата на „Во подобар свет“ (In a better world), добитник на Оскар за најдобар филм од не-англиско говорно подрачје.
Повеќе информации на: www.cinedays.com.mk

0 comments:
Post a Comment