Блогот Кинотека е неофицијално огледало на филмската програма на Кинотеката на Македонија и, понекогаш, на некои други филмски настани.

„Словенка“, 09.11.2011 (среда), 20.00 часот, неофицијално започнува „СИНЕДЕЈС“

Проекции: 09.11.2011 (среда), 20.00 часот


Со проекцијата на филмот „Словенка“ на режисерот Дамјан Козоле со почетокот на Ретроспективата на современ словенечки филм во Кинотеката неофицијално започнува фестивалот на европски филм СИНЕДЕЈС


Во Кинотеката ќе биде поставена изложба на Словенечки филмски плакат, а гостин на проекцијата ќе биде и авторот на филмот Словенка, Дамјан Козоле.


„Словенка“ 


Александра е студентка од Кршко, мало гратче во Словенија, со сопствен план како да го освои светот. Работејќи како проститутка, нејзиниот план оди во посакуваната насока, меѓутоа неочекувана смрт ја соочува со нови чувства на страв, осаменост и одговорност.




„Словенка“ 
(Slovenka)
игран филм / 2009 година / 87 минути / колор / 35мм.
Словенија

режија: Дамјан Козоле (Damjan Kozole);
сценарио: Дамјан Козоле, Огњен Свиличиќ, Матеус Лузар (Damjan Kozole, Ognjen Sviličić, Mateus Luzar);
улоги: Нина Иванишин, Петер Мусевски, Примож Пирнат, Маруша Кинк, Урош Фирст, Дејан Спасиќ (Nina Ivanišin, Peter Musevski, Primož Pirnat, Maruša Kink, Uroš Fürst, Dejan Spasić).

0 comments:

 
Кинотека. Design by Wpthemedesigner. Converted To Blogger Template By Anshul Tested by Blogger Templates.