Комедија сосредоточена на промените со кои мораме да се соочиме
во животот: во трката за избор на градоначалник на градот, двајца
кандидати од истата партија, со целосно различни ставови, низ
постојаните меѓусебни судири и средби успеваат вистински да се
запознаат и да ги преиспитаат сите вистини за кои со години се бореле,
вклучувајќи ги, притоа, и сопствените пријатели и љубовници. На крајот,
љубовта и компромисот се поставуваат како единствено решение.
DIVERSO DA CHI?/ 2009 година
Игран филм/ ДВД/ 102`
Режија: Умберто Ричони Картени
Сценарио: Фабио Бонифачи
Улоги: Лука Арџентеро, Филипо Нигро, Клаудија Џерини, Антонио Катанија
2 comments:
Ве молам, дали би можеле да ми одговорите дали ќе има реприза на филмот "Мојот брат е син единец" прикажан на 18 март. И покрај двете проекции од 20 и 22 часот, не можеа да се најдат карти за овој филм, па би сакал да знам дали би било возможно да би репризиран и на кој датум. Однапред ви благодарам.
Програмата на филмови е веќе направена и за месец април. Секако дека ќе бидете известени доколку се репризира филмот. Убава вечер!
Post a Comment