Дејствието е сместено некаде во шеесеттите и седумдесеттите години на минатиот век во една италијанска провинција. Двајца браќа се придружуваат на два спротивни политички фронта, сакаат иста жена и минуваат низ долг период на бегства и враќања, бескрајна низа на меѓусебни судири, лични битки и страсти. Во позадина се раскажува приказна која опфаќа петнаесет години од историјата на Италија и нејзината неспособност да расчисти со своето мрачно и тешко минато.
MIO FRATELLO È FIGLIO UNICO/ 2007 година
Игран филм/ ДВД/ 100`
Режија: Даниеле Лукети
Сценарио: Според книгата „Фашист-комунист“ на Антонио Пенаки, Даниеле Лукети
Улоги: Елио Џермано, Рикардо Скамарчо, Анџела Финокјаро, Масимо Пополицио

0 comments:
Post a Comment