Блогот Кинотека е неофицијално огледало на филмската програма на Кинотеката на Македонија и, понекогаш, на некои други филмски настани.

Недела на франкофонски филмови во Кинотека


„Мислам дека ја љубам“ (Je crois que je l'aime), 14 март (сабота), 20 ч.


Лука, 43-годишен разведен богат индустријалец, неодоливо го привлекува 38-годишната Елза, позната керамичарка на којашто тој и` нарачува фреска за во холот на неговата компанија. Меѓутоа, изгорен од едно неодамнешно љубовно разочарување, тој од приватниот детектив во неговата компанија бара да ги открие причините поради коишто оваа убава жена е сè уште сама.
Филмот е во режија на Пјер Жоливе и трае 90 минути.

„Океаника“, 13 март (петок), 20ч.


„Океаника“ e првиот документарен филм на Васко Тодоров.
Дваесет и деветминутниот филм е снимен под вода во околината на островот Кулебра, на 30 километри од Порторико во Карипското Море, на просечна длабочина од 5 до 20 метри.
Автор на музиката во филмот е Влатко Георгиев, а монтажата е на Владимир Петровски - Картер.

„Самурајот на самракот“, 12 март (четврток), 20ч. [Кинотека]

Во 19. век Јапонија е феудално општество. Главниот лик во филмов е самурајот и вдовец Сејбеј Игучи кој живее во Унасака, провинција на Јамагата. Преку ден работи во складиштето на началникот на локалната полиција, а ноќе рачно изработува кафези за да оствари приход од 50 коку (што е еднакво на „количеството на ориз потребно за да се прехрани еден човек годишно“). 



Сејбеј сам се грижи за своите ќерки, петгодишната Ито и десетгодишната Кајано, како и за својата сенилна мајка; тој има мал имот и долг од 20 коку поради скапиот закоп на жена си која починала од туберкулоза и не може да си дозволи друга жена. Меѓу колегите од складиштето кои го исмеваат неговиот обичен живот, е познат како „Самурај на самракот“. Од својот другар од деството Мичиноџо Инума, дознава дека неговата сестра Томое Инума, се развела од насилниот сопруг Тојотароу Коуда. Сејбеј се сретнува со Томое во која бил заљубен уште како дете, но таа потекнува од семејство со 400 коку и токму поради оваа класна разлика тој не верува дека нивната љубов е возможна. Кога Коуда ќе го предизвика Инума на дуел, Сејбеј се согласува да го замени другарот и да ги покаже своите мечувачки способности.

Во 2004 година филмов, кој е инаку режиран две години претходно од страна на Јоџи Јамада, добива номинација за Оскар за најдобар филм од неанглиско говорно подрачје. Во 2003 година пак, Јапонската академија му ги доделува признанијата за најдобра машка и женска главна улога, најдобар филм и сценарио, најдобра женска споредна улога  кои се само дел од досега освоените 37 награди.


Филмот трае 129 минути.

„Засекогаш залез на третата улица“, 11 март (среда), 20ч. [Кинотека]


Тинејџерката Мутсуко ја напушта провинцијата и со воз тргнува кон Токио каде ја чека работа во позната автомобилска компанија, но открива дека всушност е вработена во мала автомобилска работилница во сопственост на Норифуми Суѕуки. Поради неговиот темперамент, постојано го следи будното око на жена му Томое, а неговиот син Ипеи веднаш се зближува со Мутсуко како да му е постара сестра. Работилницата на Суѕуку ја засенува Кулата во Токио која се издигнува на хоризонтот како што привршува нејзината изградба во 1958 година. Како што Јапонија излегува од сенката на војната, и другите во соседството се обидуваат да напредуваат. Хироми се откажува од својата кариера како танчерка за да отвори бар за саке. Оставена од мајка си, за младата Јуносуке прво се грижи Хироми, а потоа Рјуносуке Чагава, писател кој едвај врзува крај со крај како сопственик на слаткарница, и успешно му оди единствено продажбата на авантуристички приказни за момченца, а неговите сериозни раскази и понатаму не наидуваат на одѕив. Јуносуке е страстен читател на неговите приказни и го засакува заради неговото авторство. И таа пишува приказни, и се спријателува со Ипеи и останатите кога ќе откријат дека приказните на Чагава раскажуваат за Јапонија во 21. век.

Филмот има освоено 29 награди меѓу кои се и Наградите на Јапонската академија за најдобра машка главна улога, најдобра кинематографија, најдобра режија, најдобар филм, најдобро сценарио, звук, најдобра машка и женска споредна улога.

„Засекогаш залез на третата улица“ (
“Always Sunset On Third Street”) е во режија на Јамазаки Такаши и трае 133 минути.

„Биликен“, 10 март (вторник), 20ч. [Кинотека]

Главниот лик во филмов е духот на некогаш обожаваната дрвена статуетка наречена Биликен. Биликен претставува симпатична кукла на бог со шилеста глава, голем стомак и широка насмевка. Кога ќе се открие дека кутијата во која се наоѓала статуетката е скршена, јасно е дека нејзиниот дух се ослободил. Биликен се обидува да им ги исполни желбите на сите коишто се молеле, но не успева секојпат.
Филмот е во режија на Џунџи Сакамото. Снимен е во 1996 година и трае 100 минути.

„2-Дуо“("2-Dyuo"), 9 март (понеделник), 20ч. [Кинотека]


Режирана од Сува Нобухиро во 2005 година, оваа драма на прекрасен начин ја портретира младоста и нарушеното функционирање.
Приказната го следи дуото на дечко и девојка низ бурниот период во нивните животи: дечкото е потпросечен глумец кој сака да спие по цели денови, а девојката е депримирана продавачка. Филмот длабоко навлегува во сложеноста на ликовите без притоа да пренагласува одредени елементи. Ликовите едвај зборуваат меѓусебе за својата влошена ментална состојба; наместо тоа, тие зборуваат за целта на своите постапки со невидлив наратор.  
Во 90 минути, режисерот ни ги прикажува последиците од потиснувањето на чувствата што е инаку, за жал, сè поприсутно кај младите во Јапонија.

„Пресврт“, 8 март (недела), 20ч. [Кинотека]


Куројоши Ген е стар занаетчија кој изработува облека за царското семејство и свештениците. Живее со својата 45-годишна сопруга Чиезе во стар дел од Кјото, но таа е тешко болна што се одразува на нејзината физичка и ментална состојба. Ген го запознава Шунсуке, студент и магионичар и го замолува да им дојде во посета и да се обиде да ја излечи Чиезе со магија. Шунсуке е чест гостин во нивната куќа сè до денот кога ќе ја однесат Чиезе во болница. Ген решава да го затвори дуќанот за да може да се грижи за неа. И дури сега ќе почне да се одмотува клопчето....   
Филмот „Пресврт“ е режиран од страна на Кеичи Номура во 2005 година.
Трае 113 минути.
 
Кинотека. Design by Wpthemedesigner. Converted To Blogger Template By Anshul Tested by Blogger Templates.