Тинејџерката Мутсуко ја напушта провинцијата и со воз тргнува кон Токио каде ја чека работа во позната автомобилска компанија, но открива дека всушност е вработена во мала автомобилска работилница во сопственост на Норифуми Суѕуки. Поради неговиот темперамент, постојано го следи будното око на жена му Томое, а неговиот син Ипеи веднаш се зближува со Мутсуко како да му е постара сестра. Работилницата на Суѕуку ја засенува Кулата во Токио која се издигнува на хоризонтот како што привршува нејзината изградба во 1958 година. Како што Јапонија излегува од сенката на војната, и другите во соседството се обидуваат да напредуваат. Хироми се откажува од својата кариера како танчерка за да отвори бар за саке. Оставена од мајка си, за младата Јуносуке прво се грижи Хироми, а потоа Рјуносуке Чагава, писател кој едвај врзува крај со крај како сопственик на слаткарница, и успешно му оди единствено продажбата на авантуристички приказни за момченца, а неговите сериозни раскази и понатаму не наидуваат на одѕив. Јуносуке е страстен читател на неговите приказни и го засакува заради неговото авторство. И таа пишува приказни, и се спријателува со Ипеи и останатите кога ќе откријат дека приказните на Чагава раскажуваат за Јапонија во 21. век.
Филмот има освоено 29 награди меѓу кои се и Наградите на Јапонската академија за најдобра машка главна улога, најдобра кинематографија, најдобра режија, најдобар филм, најдобро сценарио, звук, најдобра машка и женска споредна улога.
„Засекогаш залез на третата улица“ (“Always Sunset On Third Street”) е во режија на Јамазаки Такаши и трае 133 минути.

0 comments:
Post a Comment