„Кечап ефект“ е филм за 13-годишната Софи, која на една забава многу се опива и заспива. Нејзините соученици ја фотографираат во компромитирачки пози и фотографиите ги лепат во училиштето. Набргу Софи добива репутација на лесна и промискуитетна девојка и нејзините две најдобри пријателки, Аманда и Ема, почнуваат да ја избегнуваат. Таа мора да научи да возвраќа и да си ја поврати изгубената самодоверба...
„Кечап ефект“/ Hip hip hora/ The Ketchup Effect
игран филм/ колор/ 35 mm/ 91 минути/ 2004 година
Режија: Тереза Фабик
Сценарио: Тереза Фабик
Директор на фотографија: Пар М. Екберг
Улоги: Аманда Ренберг, Бјерн Ќелман, Елен Фјестад, Лин Персон, Филип Берг

0 comments:
Post a Comment