Назил и Махин се две тинејџерки кои растат во Шведска под будното око на татко им Абас, роден во Иран. Абас е горд на своето иранско наследство и се труди да им ја пренесе таа почит и на своите ќерки, ама Назил и Махин повеќе ги бендисуваат релативно либералните културни обичаи во Шведска. Имајќи на ум дека време им е на ќерките за мажачка, Абас ги запознава со двајца Ирачани. Назил открива дека Хамид, мажот кој таткото се труди да и` го намести, и` е всушност, роднина, па привлечноста е незамислива. Хамид работи во видеотека и и` нуди на Назил да работи со него. Од една страна, Назил сака да е што подалеку од него, ама па од друга страна, и` требаат пари за мотор, па ја прифаќа понудата. Набрзо Назил почнува да се гледа со Јохан. Абас е бесен. Назил му објаснува зошто не сака да се плетка со Хамид, но тоа како да не е доволно добра причина....
„Крилја од стакло“ е првиот филм на авторката и режисерка Реза Багер, која е, инаку, протерана од својата татковина Иран.
„Крилја од стакло“/ Vingar av glas/ Wings of Glass
2000 година/ 105 минути
Режија: Реза Багер
Улоги: Сара Сомерфилд, Александар Скарсгјард, Саид Овеиси

0 comments:
Post a Comment