Во периодот од петти до осми октомври (понеделник-четврток), Кинотеката ќе ја репризира документарната програма на овогодинешниот Интернационален фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“.
Понеделник (5 октомври)
„Кармен го среќава Борат“ (Carmen meets Borat)
Овој филм е за едно мало село кое се наоѓа во голем универзум. Едно ромско село е одеднаш соочено со огромни дилеми, откако e портретиранo како назаден народ од Казакстан во филмот: „Борат: Културни учења на Америка во корист на величенствената нација на Казахстан“. Кармен гледа како луѓето околу неа се менуваат и знае дека и’ нејзината иднината ќе се промени драматично. Хумористичен филм со сериозен поттекст.
Режија: Мерцедес Сталенхоф
Холандија, 2008 година
Времетраење: 85`
Вторник (6 октомври)
„Друга планета“ (Another Planet)
Живеме во крајно поделен свет, обележан со шокантно неправедни и нечовечки услови, обвиткан од симптомите на масивни еколошки кризи. Намерата на овој филм е преку претставување на проблемите кои имаат разурнувачки ефекти на детските животи, како што се гладот, експлоатацијата и принудното регрутирање, да расветли неколку филозофски прашања за човековата егзистенција и напредокот, преку експресивни слики и моќта на кинематографскиот јазик.
Режија: Ференц Молдовањи
Унгарија, 2008 година
Времетраење: 96`
Среда (7 октомври)
„Тајната историја на архипелагот“ (Secret History of the Archipelago)
Една од најважните книги на 20-от век. Настанот е толку шокантен, што малкумина веруваа дека би можел да биде вистинит. Но, вистинската приказна за тоа како „Архипелагот Гулаг“ на Солженицин беше објавена, е изворедна колку и самиот ракопис. Во овој исклучителен нов филм, Солженицин и неговиот тим на „невидливи“ помагачи опишуваат како го прокриумчариле неговото ремек-дело на Запад.
Режија: Жан Крепу и Никола Милетиќ
Франција, 2008 година
Времетраење: 52`
„Сликање со светлина“ (Painting with Lights)
„Сликање со светлина“ ни ги открива влијанијата на извонредната кинематографија на оскаровецот Џек Кардиф во класичниот британски филм „Црниот нарцис“.
Џек искрено се сеќава во детали и со анегдоти , како филмскиот моќен тандем, Мајкл Пауел и Емерик Пресбургер, му ја поставиле рамката да создаде и развие нови резултати во уметничкото достигнување при осветлувањето на репликата на Хималаите во едно филмско студио во Англија. Одбегнувајќи ја нарацијата, Крег Меккол успева да создаде инспиративен портрет за познатиот enfant terrible на техниколорот, Џек Кардиф.
Режија: Крег Меккол
Велика Британија
Времетраење: 25`
Четврток (8 октомври)
„Лејди Кул-ел-Араб“ (Lady Kuuul el Arab)
Дуа Фарес, млада девојка од селото на Друзите во Сагур, во Галилеја e една од 12-те финалистки на изборот на најубава Арапка во Израел - Лејди Кул-Ел-Араб. За време на подготовките на овој избор, меѓу Дуа и модниот дизајнер Џек Јаакоб, се раѓа посебна релација. Заедно заминуваат во Тел Авив каде што Дуа се пријавува на големиот натпревар за избор на Мис на Израел. Таа ги поминува прелиминарните селекции и го менува своето име во Анџелина.
Режија: Ибтисам Мараана
Израел, 2008 година
Времетраење: 56`
Проекциите почнуваат во 20 часот.
0 comments:
Post a Comment