Блогот Кинотека е неофицијално огледало на филмската програма на Кинотеката на Македонија и, понекогаш, на некои други филмски настани.

Филмски фестивал „Демократија - за сите?“, 21-26 септември

Кинотеката на Македонија и Институтот Гете ја продолжуваат успешната соработка, овојпат преку организација на филмскиот фестивал „Демократија - за сите?“.

„Демократските“ германски јубилеи (1919, 1949 и 1989 год.) претставуваат повод, а филмскиот фестивал „Демократија - за сите?“ е прилика, да се побара одговор на прашањето: „Каква е состојбата на демократијата денес во глобален контекст, кои се нејзините можности и со какви закани се соочува?“

Документарните и кратките филмови што ќе бидат прикажани на фестивалот се дел од глобалниот филмски проект „Зошто демократија?“ во кој беа вклучени 5 уредници од Англија, Данска, Финска, Германија и Франција, како и двајца продуценти од Данска и Јужна Африка.*

Резултатот од овој проект претставува колаж од разни аспекти на демократијата, видена на сите контитенти во светот. Демократијата се тематизира непосредно, преку конкретни настани, при што секојпат се фокусира на главните проблеми. Целта на проектот е да се поттикне дискусија за демократијата на светско ниво.

Во рамките на фестивалот ќе бидат прикажани филмови на Medienwerstatt Franken од Нирнберг, а ќе биде одржана и работилница.
„Омнибусот за директна демократија“ ќе присуствува на отворањето на филмскиот фестивал и на дискусиите.

Сите филмови што ќе бидат прикажани, имаат освоено многу меѓународни награди.
Филмовите ќе имаат македонски превод.


Програма:

Понеделник, (21 септември), 20:00
Европа

Отворање (со Омнибусот за директна демократија)**
Кратки филмови од Италија, Хрватска, Шпанија, В. Британија, Русија

Главен филм: „За господ, царот и татковината“ (Русија)
режија: Нико Киртаѕе


Вторник (22 септември), 20:00
Америка

Главен филм: „Такси кон пеколот“ (САД)
режија: Алекс Гибни
- Оскар за најдобар документарен филм


Среда (23 септември), 20:00
Германија

20:00-20:30 - Обраќање на Улрике Кноц, амбасадорка на Сојузна Република Германија во Македонија; д-р Ултрих Мали, градоначалник на партнерскиот град Нирнберг; и на Коце Трајановски, градоначалник на Скопје

20:30-21:30
„Од другата страна на ѕидот“ (Германија, 2006 година)
режија: Штефи Кнол, Medienwerkstett Franken, 30`

„Како падна ѕидот“ (Дојче Веле, 2009 год.)


Четврток (24 септември)

09:00-17:00 - Работилница на Medienwerkstett Franken (ЕСРА)

18:00-19:00 - Филмови на Medienwerkstett Franken: „Преживеавме“, „Сениште ПНО - Вакерсдорф“

20:00
Среден Исток
Кратки филмови од Индија, Пакистан, Иран
Главен филм: „Во потрага по Ганди“ (режија: Лалит Вачани)


Петок (25 септември), 20:00
Азија
„Гласајте за мене“ (режија: Веијун Чен)


Сабота (26 септември), 20:00
Африка

Кратки филмови од Кенија, Конго, Јужна Африка

Главен филм: „Демократијата спие, Shayfeen.com будно набљудува“ (Египет)
- режија: Лејла Менџоу и Шериф Елкатша


Филмовите се прикажуваат на ДВД проекција.
ВЛЕЗОТ Е СЛОБОДЕН!

0 comments:

 
Кинотека. Design by Wpthemedesigner. Converted To Blogger Template By Anshul Tested by Blogger Templates.