„Кота 2023“ е место за средба без договор. Географски (а со тоа и материјален) центар околу кој се формираат духовни (имагинарни, нереални, но само во смисла во која тоа го дефинираат веќе утврдените и општоприфатени закони на науките и уметностите) светови. Паралелни универзуми во кои се создава, се раѓа идејата како појдовен концепт за се`.
Филмскиот фестивал „Кота 2023“ оваа година ќе се случува во периодот од 14 до 20 септември во Кинотеката на Република Македонија. Почетокот на проекциите е во 15:00, 18:00 и 21:00 часот, освен во понеделник (14.09), кога последната проекција ќе започне во 20:30 часот, веднаш по официјалното отворање на фестивалот.
Во периодот од седум денови, во Главната програма ќе бидат прикажани вкупно 143 краткометражни филмови, а во Дополнителната - 17. Фестивалот има интернационален карактер.
Цената на еднодневен билет за сите три проекции е симболични 50 денари. Билетот нe важи за проекцијата на отворањето на фестивалот, а влезот за Дополнителната програма е бесплатен.
Програмата на филмскиот фестивал можете да ја погледнете на официјалниот сајт на Кота 2023, а може да ја следите и на блогот на Кинотеката на Р. Македонија.
Уживајте!!

0 comments:
Post a Comment