1.Нагоре
Сценарио, режија и камера: Георги Лазаревски
Монтажа: Фабрис Салини
Продукција: Артуро Мио
(Документарец, 60 минути, 2007, Франција)
Филмот „Нагоре“ раскажува приказна за ѕидот – одвојувања кои треба да се зајакнуваат, но раѓаат и други непланирани нешта. Заштитиниот ѕид, изграден околу Израел на Западниот брег ги подели палестинските фамилии и заедници. Исто така го изолира и католичкиот старски дом Богородица нажалена, кој се наоѓа надвор од Ерусалим, и ги остава неговите енергични жители да се соочат со староста во болката на еден од светските најгорчливи конфликти. Со прекрасната сликовитост, со моментите на смеа и со помош на тивкиот ексцентричен стар водич, овој филм ги истражува социјалните и религиозните бариери кои произлегуваат од психичките. Филмот доби Гран При (Златна Потковица) на петтиот Астерфест, а наградуван е и на фестивалите во Осло, Лондон, Њујорк, Краков.
2. Птички
Сценарио и режија: Рунар Рунарсон
Директор на фотографија: Софија Олсон
Монтажа: Хаукар Карлсон
Играат: Атли Оскар, Хера Хилмарсдотир
Продукција: Зик Зак
(Краток игран филм, 15 минути, 2008, Исланд)
Филмот „Птички“ се случува за време на една светла летна ноќ и ги следи случувањата на група тинејџери на патот од невиноста, кон светот на возрасните. Главниот лик е срамежливо момче кое типично школски се вљубува во девојка на негова возраст, која пак е пријателка на негов другар. Филмот доби награда за најдобар краток игран светски филм на петтиот Астерфест во Струмица, прогласен е за најдобар филм и во Мелбурн, Варшава, Санкт Петербург, а прикажан е и на Канскиот фестивал.

0 comments:
Post a Comment