Во рамките на „Денови на чешкиот филм“, во Кинотеката на Р.Македонија ќе биде отворена и изложбата „Нефокусирано“ на современиот чешки фотограф Ладислав Ховорка.
Гостин на Кинотеката ќе биде директорот на Народниот филмски архив на Чешка Владимир Опела, кој на 6 мај (среда) во 13:30 часот ќе го претстави Народниот филмски архив со посебен осврт на филмската архивистика и законските рамки во филмската архивистика. Формиран во 1943 година, Народниот филмски архив е еден од најголемите и најстарите филмски архиви во кој се депонирани 150 милиони метри филмска лента, 600 илјади фотографии, 30 илјади плакати и други филмски артефакти.
0 comments:
Post a Comment