Блогот Кинотека е неофицијално огледало на филмската програма на Кинотеката на Македонија и, понекогаш, на некои други филмски настани.

„Созерцание“, 17-26 мај, 20ч.

Иво Трајков е еден од нашите најдобри современи филмски автори. Автор е на документарците „Сведочењето на еден поништен сведок“ и „Толку нормален брак“ од 1996 година, како и на филмовите „Јан“ (1992 год.), „Канарска врска“ (1993 год.), „Минато“ (2000 год.), „Големата вода“ (2004 год.) и „Филм“ (2007 год.). Филмот „Созерцание“ е неговото најново филмско остварување.


Приказната на Јосиф е за надминувањето на опасностите од злото и гревовите со кои се соочуваме од самото раѓање, па оттука, Јосифовиот лик и карактер го отсликуваат обичниот човек кој не се истакнува со ништо особено и исклучително, човек кој го живее животот користејќи ги можностите што му се отвораат. Работи како сервисер на ваги и од непознати причини, неговите перспективи и верувања му стануваат недостижни. Јосиф се враќа од Шпанија каде го напуштила сопругата Мартина и покрај неговите обиди да ја спаси врската. Таму останува подолго од планираното, па ја губи и работата. Очаен, тажен и потиштен,  одлучува да го продаде станот и да живее во својата мала работилница.

Филмот претставува македонско-чешка копродукција и трае 90 минути.

* Во понеделниците нема проекции во Кинотеката.

0 comments:

 
Кинотека. Design by Wpthemedesigner. Converted To Blogger Template By Anshul Tested by Blogger Templates.