Блогот Кинотека е неофицијално огледало на филмската програма на Кинотеката на Македонија и, понекогаш, на некои други филмски настани.

СФФ #11: Џуно, 6 април 2008 г. во 18ч. [Милениум]

„Џуно“ (анг. Juno) е филм комедија-драма од 2007 година, режирана од Џејсон Ритман (анг. Jason Reitman) и напишан од Дијабло Коди (анг. Diablo Cody). Елен Пејџ (анг. Ellen Page) ја толкува насловната улога, тинејџерка која е остра на зборови а се соочува со непланирана бременост. Останатите улоги ги толкуваат Мајкл Цера (анг. Michael Cera), Џенифер Гарнер (анг. Jennifer Garner) и Џејсон Бејтман (анг. Jason Bateman).

Филмот имал голем позитивен критички прием, и доспеа во топ листите на многу критичари за најдобри филмови за 2007 година. Филмот освоил Оскар за најдобро оригинално сценарио а имал уште три други номинации. Истовремено, „Џуно“ имал и финансиски успех, па го повратил буџетот од 6,5 милиони долари за само 20 денови, а вкупно има заработено 21 пати повеќе од буџетот само во Северна Америка.



Џуно Мекгаф (Елен Пејџ) е 16 годишна средношколка од Минесота. Таа открива дека е девет недели бремена со дете од нејзиниот обожавател и пријател Поли Бликер (Мајкл Цера). И покрај тоа што првично се определува за абортус, во последен момент се предомислува и прави планови за посвојување на детето. Со помош на нејзината пријателка Леа, Џуно пребарува по Пенисејвер (огласник) и наоѓа пар за кој мисли дека може да обезбеди соодветен дом. Заедно со нејзиниот татко, Мек, Џуно се запознава со парот, Марк и Ванеса Лоринг (Џејсон Бејтман и Џенифер Гарнер), во нивниот ексклузивен дом и ги финализира подготовките за затворено посвојување.

(Никулец на мк.Википедија)

Филмот трае 96 минути.

Исто така на 6 април:


    Warden Of The Death - Рамстор 1 18ч.
    The Oil Factor - Рамстор 2 18ч.
    Хотел „Тиволи“ - Милениум 20ч.
    Breath - Рамстор 1 20ч.
    Кратки филмови 1 - Рамстор 2 20ч.
    Viva - Рамстор 1 22ч.
    Invisibles - Рамстор 2 22ч.

СФФ #11: Сеќавање на Лале, 6 април 2008 г. во 20ч. [Кинотека]

Филмови од работилницата ЕД ВУД

СФФ #11: Градината на Финци-Континиеви, 5. април 2008 г. во 20ч. [Кинотека]

Градината на Финци-Контини (ит. Il Giardino dei Finzi-Contini) е италјански филм од 1970 година во режија на Виторио Де Сика (ит. Vittorio De Sica). Автор на сценариото е Виторио Боничели (ит. Vittorio Bonicelli) според истоимениот роман на Џорџо Басани (ит. Giorgio Bassani).

Улогите ги играат Лино Каполикио (ит. Lino Capolicchio), Доминик Санда (ит. Dominique Sanda), Фабиот Тести (ит. Fabio Testi), Ромоло Вали (ит. Romolo Valli), Хелмут Бергер (ит. Helmut Berger) и др.

Филмот е награден со Златна мечка на Берлинскиот фестивал во 1971 г. и со Оскар за најдобар странски филм во 1972 г.



Филмот е направен според истоимениот роман на Џорџо Басани. Приказната за богатата еврејска фамилија Финци – Контини е раскажана во прво лице од Џорџо, претставник на средната еврејска буржоазија во Ферара и заљубен во Микол Финци – Контини.

Дејството е преземено од истоимениот роман на Џорџо Басани и темелно ја обработува атмосферата на пасивност и нихилизам што ја зафаќа италијанската еврејска буржоазија која е длабоко поврзана со либералните идеали на пред-фашистичка Италија и едноставно не верува дека навистина може да биде гонета во сопствената земја поради различни религиски убедувања. Драматичниот епилог на депортација на Микол и нејзиното семејство (се спасува само братот Алберто, но е покосен од болест и е закопан во монументалната капела на семејството), дефинитивно ги израмнува општествените разлики помеѓу Финци – Контини и останатите членови на еврејската заедница од Ферара, соединети во теророт на депортацијата и смртта во концентрациониот логор. Во една од последните сцени, кога еврејските семејства се собрани во Замокот пред да бидат испратени во Германија, Микол и бабата, одвоени од другите, го сретнуваат таткото на главниот лик кој им пружа внимание и грижа. На тој начин се затвора кругот меѓу девојката и синот, вљубен во неа но одбиен поради заедничкиот пријател Џампи Малнате. Џорџо кој навреме избегал во странство, се спасува и ја раскажува приказната за својата младост и за првата невозможна љубов.

(Никулец на мк.Википедија)

Филмот трае 100 минути.

СФФ #11: Вода, 5. април 2008 г. во 18ч [Рамстор 1]

„Вода“ е канадски филм од 2005 година номиниран за Оскар а режиран од Дипа Мехта (анг. Deepa Mehta). Филмот ги истражува животите на вдовици во ашрам во Варанаси, Индија во 1938 година. Воедно, филмот е третиот дел од поврзана трилогија на Мехта, на кој му претходат „Оган“ (1996) и „Земја“ (1998).

Својата премиера филмот ја имал на Меѓународниот филмски фестивал во Торонто (2005), каде бил преставен на отварањето на фестивалот. На редовен репертоар во Канада почнал да се прикажува во ноември таа година а во Индија почнал да се прикажува во мај, 2007 година.

Во филмот главните улоги ги толкуваат Сима Бисвас (анг. Seema Biswas), Лиза Реј (анг.Lisa Ray), Џон Абрахам (анг.John Abraham) и Сарала Каријавасам (анг. Sarala Kariyawasam). Музиката за филмот ја компонирал А. Р. Рахман (анг. A. R. Rahman) а текстот за музиката го напишал Суквиндер Синг (анг. Sukhwinder Singh). Снимател на филмот е Жил Нутгенс (анг. Giles Nuttgens) кој работел и на други филмови на Дипа Мехта.



Приказната во „Вода“ е поставена за време на периодот на британското владеење во 1938 година, кога Индија е сеуште дел од колониите на Британија.

Според Хинду традицијата од тој период, бракот помеѓу млади девојчиња и постари мажи бил нормален во некои делови на Индија. Кога сопругот во православно Хинду семејство ќе почине, неговата млада вдовица била праќана во таканаречен ашрам за вдовици за да се искупи за гревовите од нејзиниот претходен живот, кои наводно ја предизвикале смртта на нејзиниот сопруг.

(Никулец на мк.Википедија)

Филмот трае 114 минути.

Исто така на 5 април:

  • The Darjeeling Limited - Милениум - 18ч.
  • The Breeders - Рамстор 2 18ч.
  • Juno - Милениум 20ч.
  • Stray Dogs - Рамстор 1 20ч.
  • The Oil Factor - Рамстор 2 20ч.
  • Sicko - Милениум 22ч.
  • AFR - Рамстор 1 22ч.
  • Glass: Портрет за Филип во 12 делови - Рамстор 2 22ч.

СФФ #11: Брак на италијански начин, 4. април 2008 г. во 20ч. [Кинотека]

Брак на италјански начин (ит. Matrimonio all'italiana) е италјански филм од 1964 година. Режијата е на Виторио Де Сика (ит. Vittorio De Sica), а сценариото на Ренато Кастелани (ит. Renato Castellani) според пиесата на Едуардо Де Филипо (ит. Eduardo De Filippo). Во главните улоги настапуваат Софија Лорен (ит. Sophia Loren) и Марчело Мастројани (ит. Marcello Mastroianni). Покрај нив играат и Алдо Пуљиси (ит. Aldo Puglisi), Текла Скарано (ит. Tecla Scarano), Марилу Толо (ит. Marilù Tolo) и Џани Ридолфи (ит. Gianni Ridolfi).

Филмот има добиено одлични критики за двајцата главни актери. Филмот е награден со Давид Ди Донатело за најдобра продукција и Златен глобус за најдобар странски филм.



Филумена Мартурано, мајка на три деца, која со години е слугинка и конкубина на Доменико Соријано, сака да се омажи. Успева во тоа преправајќи се дека е смртно болна. Но, потребна е дополнителна итроштина.

(Никулец на мк.Википедија)

Филмот трае 102 минути.

СФФ#11: По венчавката, 4. април 2008 г. во 20 ч. [Милениум]

„По свадбата“ е дански филм од 2006 година. Режиран од Сузан Биер а главните улоги ги толкуваат Мадс Микелсен и Сидсе Бабет Кнудсен, филмот бил номиниран за Оскар за најдобар филм од странско говорно подрачје.



Јакоб Педерсон управува со индиско сиропиталиште. Имајќи малку вработени, Јакоб работи напорно за да го одржи сиропиталиштето, истовремено лично инвестирајќи во децата, посебно во Прамод, детенце за кое тој се грижи од самото раѓање. Сиропиталиштето се соочува со пропаѓање веќе осум години а му прети и банкротство. Данска корпорација нуди голема донација за одржување на сиропиталиштетот, но Јакоб мора да се врати во Данска (од каде потекнува) за да ги добие средствата. Според најавата, извршниот директор на корпорацијата, Јирген Хансон сака да се запознае со Јакоб.

(Никулец на мк.Википедија)

Филмот трае 120 минути.

Исто така на 3 април:

  • Sleuth - Милениум 18ч.
  • The Savages - Рамстор 1 18ч.
  • Кратки филмови 2 - Рамстор 2 18ч.
  • Warden of the Dead - Рамстор 1 20ч.
  • Трубачка Република - Рамстор 2 20ч.
  • Inland Empire - Милениум 22ч.
  • Sevdah o Rodama - Рамстор 1 22ч.
  • Taxidermia - Рамстор 2 22ч.

СФФ #11: Покривот, 3 април 2008 г. 20ч [Кинотека]

„Покривот“ (ит. Il Tetto) е италјански филм од 1955 година. Режисер на филмот е Виторио Де Сика (ит. Vittorio De Sica). Сценариото е на Чезаре Цаватини (ит. Cesare Zavattini). Улогите се поделени помеѓу Џорџо Листуци (ит. Giorgio Listuzzi), Габриела Палота (ит. Gabriella Pallotta), Луиза Алесандри (ит. Luisa Alessandri), Анџело Биџиони (ит. Angelo Bigioni) и др.

Филмот е добитник на италијанска награда за сценарио.



сликата е превземена од тука

Луиза и Натале се млади, сиромашни и вљубени. Сакаат да се земат, но немаат сопствена куќа. На преферијата на Рим, наоѓаат начин како да изградат дом: ако до следното утро успеат да подигнат ѕидови и да стават покрив, ќе можат да имаат куќа.

(Никулец од мк.Википедија)

Филмот трае 90 минути.

СФФ #11: Поделена љубов, 3. април 2008 г. во 22ч. [Рамстор 1]

„Поделена љубов“ (буквално Девојка на половина) е филм од 2007 година режиран од Клод Шаброл. И во овој филм, Клод Шаброл го прикажува животот на француското „високо“ општество, преку приказна за млада девојка која се обидува да успее во тие кругови. Главните улоги ги толкуваат Лудивин Сањер, која ја толкува Габриел Денеж, Беноа Магимел во улога на Пол Гиденс и Франсоа Берлан како Шарл Сен Дени.



Габриел Денеж е млада шармантна и харизматична девојка која гради телевизиска кариера. Нејзината љубов кон популарниот писател Шарл Сен Дени останува изневерена, па утеха наоѓа во патолошката заљубеност на неурамнотежениот Пол Гиденс, наследник на големо богатство. Во тој момент таа е ставена помеѓу двата популарни лика од париското високо општество.

(Никулец на мк. Википедија)

Филмот трае 115 минути.

Исто така на 3 април:

СФФ#11: Душкало, 2 април 2008 г. во 22 ч. [Милениум]

Душкало (анг. Sleuth) е филм од 2007 година режиран од Кенет Брана (анг. Kenneth Branagh), а базиран на истоимената наградувана драма Ентони Шафер (анг. Anthony Shaffer) и адаптирана за филм од страна на нобеловецот Харолд Пинтер (анг. Harold Pinter)

Продуцент на филмот е Џад Ло (анг. Jude Law), кој исто така се појавува како Мило Тиндл (анг. Milo Tindle) наспроти Мајкл Кејн (анг. Michael Caine) кој ја игра улогата на Ендрју Вајк (анг. Andrew Wyke). Кејн играше како Тиндл, наспроти Лоренс Оливие како Вајк во оригиналната верзија на филмот од 1972 година.




Овој филм беше најавуван како соработка помеѓу Пинтер, Брана, Ло и Кејн, четирите големи имиња на британскиот театар и филм. Иако новата филмска адаптација е означена како „римејк“, ѕвездите на филмот и критичарите нагласуваат дека Пинтеровото видување на драмата речиси целосно се разликува од оригиналната драма и филм, кои Пинтер ги нема гледано пред да почне да го пишува сценариото.

Накратко филмот е за: „Писател на детективски романи кој е милионер, се надмудрува со невработен актер кој „ја украл“ жена му, во смртно сериозна игра со опасни последици.“

(Никулец на мк.Википедија.)

Филмот трае 86 минути.

Исто така на 2 април 2008:

СФФ#11: Злато во Неапол, 2 април 2008 г. во 20 ч. [Кинотека]

Злато во Неапол (ит. L'Oro di Napoli) е италјански филм од 1954 година на режисерот Виторио Де Сика (ит. Vittorio De Sica). Филмот е сниман според истоимената збирка на раскази на Џузепе Марота (ит. Giuseppe Marotta), а на сценариото покрај режисерот и писателот работел и Чезаре Ѕаватини.

Филмот е во епизоди според расказите од книгата. Во секоја епизода звучни актерски имиња се носители на дејствието: Тото (во Силеџија), Едуардо Де Филипо (во Професорот), Софија Лорен (во Пици на кредит), Виторио Де Сика (во Играчите) и Силвана Мангано (во Тереза).



Содржина

Силеџијата

Веќе 10 години како еден силеџија се населил во куќата на еден сиромав (Тото) и му командува. Но, силеџијата дознава дека е болен...

Пици на кредит

Софија (Софија Лорен) и нејзиниот сопруг Розарио (Џакомо Фурија) прават пици. Но, еден ден скапиот свршенички прстен кој Софија секогаш го носела на рака, исчезнува. Наверојатно паднал во тестото на пицата за ноќниот чувар или во пицата на вдовецот (Паоло Стопа). Но, вистинита е многу погорчлива.

Малиот погреб

Најтажната епизода од филмот. Речиси без дијалози, раскажува за смртта на едно дете и за погребната поворка која го испраќа за последен пат.

Во верзијата наменета за комерцијални цели оваа епизода е исфрлена.

Играчите

Еден благородник од Неапол (Виторио Де Сика), притиснат од богатата и грда сопруга и крајно осиромашен поради коцкарскиот порок, се обидува да извојува победа во долгите партии карти со синот на портирот, 8-годишно дете кое постојано го победува во табланет.

Тереза

Тереза (Силвана Мангано) е проститутка. Непознат додворувач ѝ нуди брак. Непосредно по свадбената церемонија таа дознава дека нејзиниот сопруг ја оженил само за да добие прошка за серизна грешка. Што да направи? Да го задржи достоинството и да си замине или да отстапи пред ветените удобности?

Професорот

Дон Ерсилио (Едуардо Де Филипо) продава мудрост. За неколку лири им дава одлучни совети на љубоморните свршеници, на уморните војници и на верниците кои му се обраќаат за помош. Но, проблемот на маалото е како да се спречи препотентниот благородник. Една свирка ќе реши сѐ.

(Никулец на мк.Википедија.)

Филмот трае 113 минути.

(Блогот „Кинотека“ ѝ се заблагодарува на Катерина за помошта околу содржините за италјанските филмови.)

СФФ#11: Inland Empire (Империја без море?), 1 април 2008 г. во 22 ч. [Рамстор 1]

Империја без море (анг. Inland Empire) е филм на Дејвид Линч (анг. David Lynch) од 2006 година. Тоа е прв негов филм по Mulholland Drive од 2001 и по многу нешта овие два филма се слични. Филмот својата премиера ја имаше на фестивалот во Венеција во септември 2006. Неговото снимање траело 2 и пол години. Филмот во целост е снимен на дигитално видео.



Актерската екипа ги вклучува вообичаените актери на Линч како што се Лора Дерн (анг. Laura Dern), Џастин Теро (анг. Justin Theroux), хари Дин Стентон (анг. Harry Dean Stanton) и Грејс Забриски (анг. Grace Zabriskie), но и полно актери како специјални гости во филмот: Настасија Кински (анг. Nastassja Kinski), Џереми Ајронс (анг. Jeremy Irons), Вилијам Х. Мејси (анг. William H. Macy), како и гласовите на Наоми Вотс (анг. Naomi Watts), Лора Херинг (анг. Laura Harring) и Скот Кофи (анг. Scott Coffey).

(Ова е филм на Дејвид Линч, па секој обид да се прераскаже, опише или слично би бил чуден, ако не и смешен. :))

Филмот трае 180 минути.

(Баш никулец на мк.Википедија.)

Исто така на 1 април 2008:
- For a few marbles more
Режија: Jelmar Hufen, 11 min
- Mirors
Режија: Etienne Desrosiers, 14 min
- Portret of an artist as his muse
Режија: Etienne Desrosiers, 10 min
- Zohar
Режија: Jasmine Novak, 32 min
- In a bar
Режија: Patricia Radoi, 6 min
- Rabit trouble
Режија: A. Mitovski, 6 min
- Gospodja za prije
Режија: Miroslav Sikavica, 15 min
- Tokio r’n’r
Режија: John Cancioni, 4 min
- Everything is wrong
Режија: Marko Gjokovik, 10 min
- From afar
Режија: Adriano Valerio, 16 min
- Spitted by the kiss
Режија: Milosh Tomich, 11 min
- Safety matches
Режија: Didzis Egfitis, 13 min
- A bit on the side
Режија: Steve Sullivan, 12 min
- Intimita
Режија: Matteo Minetto, 11 min
- Vagabond shoes
Режија: Jackie Oudney, 18 min
- Godini Samotija
Режија: Filip Kondovski 12 m

СФФ#11: Чудо во Милано, 1 април 2008 г. во 20 ч. [Кинотека]

Чудо во Милано (ит. Miracolo a Milano) е италијански филм од 1951 г. во режија на Виторио Де Сика (ит. Vittorio De Sica). Сценариото е на Чезаре Цаватини (ит. Cesare Zavattini), а главните улоги ги играат Франческо Голизано(ит. Francesco Golisano), Ема Граматика (ит. Emma Gramatica), Паоло Стопа (ит. Paolo Stoppa), Брунела Бово (ит. Brunella Bovo) и др.

Кога за првпат бил прикажан во киносалите во Италија, предизвикал многу негативни реакции кај прогресивната маса но и кај конзервативците. Првите го осудија филмот како премногу "евангелски" и помирувачки (во Советскиот Сојуз било забрането неговото прикажување), а другите го осудиле како субверзивен и про-комунистички. Приказната е инспирирана од филмот Тото Добриот (1940 г.) и воопшто не содржи субверзивни елементи. Тоа што не им се допаѓало ниту на едните ниту на другите е што носители на дејството во филмот се скитници-безработници кои празнуваат.



Филмот се одвива како бајка, а главниот лик е едно момче-сирак кое сонува за свет во кој „Добар ден3 навистина значи „добар ден!“. Момчето ќе се спријатели со скитници и на крајот од филмот, токму тоа ќе ја предводи групата која на плоштадот пред Катедралата во Милано ќе им ги украде метлите на чистачите и ќе одлета кон толку посакуваната замислена земја. Оваа сцена ја инспирирала познатата сцена со летечките велосипеди во „Е.Т.“ на Стивен Спилберг.

Филмот претставува социјална бајка за „лудите и сиромашни ангели“ кои живеат во бараките на периферијата од Милано. Соочени со еден алчен индустријалец кој се заканува дека ќе им ги сруши живеалиштата, организираат отпор, предводен од сиракот Тото. Филмот претставува делумно успешен обид на режисерот да се избега од неореалистичниот запис преку надреалистична гротеска. Беше награден со Златна палма на Канскиот Фестивал.

(Никулец на мк.Википедија.)

Филмот трае 92 минути.

(Блогот „Кинотека“ ѝ се заблагодарува на Катерина за помошта околу содржините за италјанските филмови.)

СФФ#11: Ти, што живееш, 31 март 2008 г. во 22 ч. [Милениум]

Ти, што живееш (анг. You, the Living) е филм на шведскиот режисер Рој Андерсон од 2007 година. Премиерата ја доживеа на Канскиот филмски фестивал во 2007 година во изборот Un Certain Regard.

Филмот е истражување на „величенственоста на постоењето“. Поставен околу животите на повеќе ликови како на пример: жена со проблеми со тежината, разочаран психијатар, групи-девојка со скршено срце, столар, бизнис консултант, наставник од основно училиште со емоцоинални проблеми и неговиот сопруг кој продава теписи.


Сниман на невообичаен начин, филмот се состои од 50 флуентно поврзани кракти сцени, секоја снимана во еден кадар. Повеќето од нив имаат трагикомична нота.

Филмот ја доби наградата од публиката на филмскиот фестивал во Гетеборг во 2008.

Некои од приказните во филмот се поврзани, но вистинската врска е во тоа дека функцијата на сите ликови е човечка и дека се развиваат теми за животот, постоењето и среќата.

(Никулец на мк.Википедија.)

Филмот трае 95 минути.

Исто така на 31 март 2008:

СФФ#11: Промена на програмата

Според информациите на страницата на СФФ. има промена во програмата на фестивалот:
Почитувани, Ве известуваме дека поради технички проблеми направена е измена во програмата, со тоа што на местото на филот „Ветувања од исток“ ќе се прикажува филмот „Спајдервик“. Се извинуваме поради настанатите измени.
Веројатно филмот е Spiderwick - (Врска до Википедија).

И календарот овде е дополнет соодтветно.
 
Кинотека. Design by Wpthemedesigner. Converted To Blogger Template By Anshul Tested by Blogger Templates.