Градината на Финци-Контини (ит. Il Giardino dei Finzi-Contini) е италјански филм од 1970 година во режија на Виторио Де Сика (ит. Vittorio De Sica). Автор на сценариото е Виторио Боничели (ит. Vittorio Bonicelli) според истоимениот роман на Џорџо Басани (ит. Giorgio Bassani).
Улогите ги играат Лино Каполикио (ит. Lino Capolicchio), Доминик Санда (ит. Dominique Sanda), Фабиот Тести (ит. Fabio Testi), Ромоло Вали (ит. Romolo Valli), Хелмут Бергер (ит. Helmut Berger) и др.
Филмот е награден со Златна мечка на Берлинскиот фестивал во 1971 г. и со Оскар за најдобар странски филм во 1972 г.
Филмот е направен според истоимениот роман на Џорџо Басани. Приказната за богатата еврејска фамилија Финци – Контини е раскажана во прво лице од Џорџо, претставник на средната еврејска буржоазија во Ферара и заљубен во Микол Финци – Контини.
Дејството е преземено од истоимениот роман на Џорџо Басани и темелно ја обработува атмосферата на пасивност и нихилизам што ја зафаќа италијанската еврејска буржоазија која е длабоко поврзана со либералните идеали на пред-фашистичка Италија и едноставно не верува дека навистина може да биде гонета во сопствената земја поради различни религиски убедувања. Драматичниот епилог на депортација на Микол и нејзиното семејство (се спасува само братот Алберто, но е покосен од болест и е закопан во монументалната капела на семејството), дефинитивно ги израмнува општествените разлики помеѓу Финци – Контини и останатите членови на еврејската заедница од Ферара, соединети во теророт на депортацијата и смртта во концентрациониот логор. Во една од последните сцени, кога еврејските семејства се собрани во Замокот пред да бидат испратени во Германија, Микол и бабата, одвоени од другите, го сретнуваат таткото на главниот лик кој им пружа внимание и грижа. На тој начин се затвора кругот меѓу девојката и синот, вљубен во неа но одбиен поради заедничкиот пријател Џампи Малнате. Џорџо кој навреме избегал во странство, се спасува и ја раскажува приказната за својата младост и за првата невозможна љубов.
(Никулец на мк.Википедија)
Филмот трае 100 минути.
0 comments:
Post a Comment