Блогот Кинотека е неофицијално огледало на филмската програма на Кинотеката на Македонија и, понекогаш, на некои други филмски настани.

СФФ#11: Чудо во Милано, 1 април 2008 г. во 20 ч. [Кинотека]

Чудо во Милано (ит. Miracolo a Milano) е италијански филм од 1951 г. во режија на Виторио Де Сика (ит. Vittorio De Sica). Сценариото е на Чезаре Цаватини (ит. Cesare Zavattini), а главните улоги ги играат Франческо Голизано(ит. Francesco Golisano), Ема Граматика (ит. Emma Gramatica), Паоло Стопа (ит. Paolo Stoppa), Брунела Бово (ит. Brunella Bovo) и др.

Кога за првпат бил прикажан во киносалите во Италија, предизвикал многу негативни реакции кај прогресивната маса но и кај конзервативците. Првите го осудија филмот како премногу "евангелски" и помирувачки (во Советскиот Сојуз било забрането неговото прикажување), а другите го осудиле како субверзивен и про-комунистички. Приказната е инспирирана од филмот Тото Добриот (1940 г.) и воопшто не содржи субверзивни елементи. Тоа што не им се допаѓало ниту на едните ниту на другите е што носители на дејството во филмот се скитници-безработници кои празнуваат.



Филмот се одвива како бајка, а главниот лик е едно момче-сирак кое сонува за свет во кој „Добар ден3 навистина значи „добар ден!“. Момчето ќе се спријатели со скитници и на крајот од филмот, токму тоа ќе ја предводи групата која на плоштадот пред Катедралата во Милано ќе им ги украде метлите на чистачите и ќе одлета кон толку посакуваната замислена земја. Оваа сцена ја инспирирала познатата сцена со летечките велосипеди во „Е.Т.“ на Стивен Спилберг.

Филмот претставува социјална бајка за „лудите и сиромашни ангели“ кои живеат во бараките на периферијата од Милано. Соочени со еден алчен индустријалец кој се заканува дека ќе им ги сруши живеалиштата, организираат отпор, предводен од сиракот Тото. Филмот претставува делумно успешен обид на режисерот да се избега од неореалистичниот запис преку надреалистична гротеска. Беше награден со Златна палма на Канскиот Фестивал.

(Никулец на мк.Википедија.)

Филмот трае 92 минути.

(Блогот „Кинотека“ ѝ се заблагодарува на Катерина за помошта околу содржините за италјанските филмови.)

0 comments:

 
Кинотека. Design by Wpthemedesigner. Converted To Blogger Template By Anshul Tested by Blogger Templates.