Блогот Кинотека е неофицијално огледало на филмската програма на Кинотеката на Македонија и, понекогаш, на некои други филмски настани.

СФФ#11: АФР, 30 март 2008 г. во 18 ч. [Рамстор 1]

АФР (скратено од Андрес Фог Расмусен) е дански фикционален документарец објавен во 2007 година. Режисер е данскиот филмаџија Мортен Хартц Каплерс, кој и се појавува во филмот. Продуцент на филмот е Мета Луиз Фолдагер од Зентропа.

Филмот користи архивски снимки, актери и компјутерски ефекти за да го наслика атентатот на данскиот премиер Андрес Фог Расмусен. Уште пред да биде објавен, филмот доби големи критики од оние кои веруваа дека темата е со лош вкус и слична на онаа од контроверзниот британски псевдо-документарец „Смртта на претседателот“ (анг. Death of a President) во кој се слика фикционален атентат на 43-тиот претседател на Соединетите држави, Џорџ В. Буш.



Псевдо-документарниот филм се занимава со данскиот премиер Андрес Фог Расмусен и неговата тајна хомосексуална афера со Емил (Мортен Хартц Каплерс), сѐ до атентатот на премиерот.

Помеѓу вистинските архивски снимки има клип од Пиа Кјерсгард која вели: "[...]og så var han jo bøsse, det var kendt for enhver" ("и тој истот така беше геј; сите го знаеја тоа"). Пиа Кјерсгард се деасоцираше од употребата на клипот што потекнува од изјава за атентатот на холандскиот хомосексуален политичар Пим Фортујн во 2002 г. Во филмот се појавуваат уште неколку други политичари.

Филмот беше презентиран на Интернационалниот филмски фестивал во Ротердам во јануари 2007, каде што ја даби наградата Tiger и 10,000 евра за правата да биде прикажуван на национална телевизија.

(Никулец на мк.Википедија.)

Филмот трае 85 минути.

Исто така на 30 март 2008:
- The Pit and the Pendulum
Режија: Marc Lougee, 3 min
- Infinite justice
Режија: Karl Tebbe, 7 min
- Power house
Режија: D.Herthel & M.Leite
- Some space for tomorrow
Режија: Raaya Karas, 5 min

Блок режиран од Signe Bauman:
- Veterinarian, 2 min
- Teat Beat of sex, 17 min
- Dentist, 4 min
- Everything will be ok, 10 min

Блок режиран од Aleksander Wasilewski:
- Smile , 5 min
- Poluspah
- Hanged mans elegy, 2,5 min
- 1001 tips what to do in case of a zombie
- A christmass special

Отворање на СФФ#11: Покајание, 29 март 2008 г. во 20 ч. [Милениум]

Покајание (анг. Atonement) е драма – романтика филм од 2007 год. Овој филм е адаптација на истоимената новела на Иан МекЕван, во кој се појавуваат како главни ликови, Кира Најтли и Џејмс МекАвој. Филмот е добитник за најдобар филм на 65те награди Златен глобус.



Во 1935 година, 13 годишната писателка Бриони Талис со семејството живее удобен живот на прекрасниот имот. Роби Тарнер, момчето чии родители се грижат за домот на семејството Талис, е заинтересиран за Сесилија, постарата сестра на Бриони. Тој се надевак дека таа ќе му врати чувства и тие ќе почнат врска. Кога тоа ќе се случи, малата Бриони, која е вљубена во Роби, ќе почне да се меша во нивната врска и заслепена од љубомората, оди толку далеку, што го обвинува Роби за криминал што не го извршил. Откако ќе биде уапсен, а Бриони че се јави за сведок, нивните животи засекогаш се менуваат. Но, подоцна таа ќе зажали за тоа што го направи и ќе се обиде да најде начин како да се покае за гревот што го направил во деството и да добие прошка за непромислениот акт.

(Статија на мк.Википедија.)

Филмот трае 123 минути.

Исто така на 29 март 2008:

Како да го следите календарот за филмски фестивал (и понатаму) без Интернет

Еве корисна информациа за сите оние кои имаат Google/GMail сметка. Кликнете на врската „Subscribe to Кинотека calendar“ во десната колона на блогов, внесете лозинка и сѐ што е потребно и пред вас се отвара апликацијата за календар на Googlе со календарот на Кинотека онака како што го гледате на блогот.

Потоа кликнете на „Settings“ (десно горе) и „Mobile Setup“ и додајте ги информациите за држава, телефонски број и оператор. На крај побарајте код за проверка (Send Verification Code).

Внесете го кодот и кликнете на „Finish setup“

Потоа кликнете на „Calendars“ и „Кинотека“ и таму во „Notifications“ одберете какви известувања сакате да добиете на мобилниот телефон.

Ова би требало да работи без проблеми и програмата секој ден ќе ја имате на SMS. Ако имате потешкотии пишете.

Ако ви се потребни повеќе информации, GoodBytes има поопширен текст за Google Calendar.

Блогов за време на Скопки филмски фестивал 2008

За време на Скопскиот филмски фестивал (29.03-06.04) блогот Кинотека ќе работи по фестивалска шема.



Сите филмови ќе бидат додадени на календарот и се надеваме дека навремено ќе ги добиваме промените на распоредот за иститите да ги прибележуваме на календарот.

Исто така ќе објавуваме по еден подолг текст за некој од филмовите што се прикажуваат (како овие до сега за Кинотека). Веројатно ќе го објавуваме оној филм кој е прв избор за денот.

Томи, 27 и 28 април 2008 [Кинотека]

„Томи“ е музички филм од 1975 година, изработен според „рок опера“ концепт албумот „Томи“ од 1969 на групата „Ху“. Режиран од Кен Расел, во филмот играат полно ѕвезди вклучувајќи ги и членовите на бендот. Ен-Маргрет добила Златен глобус за нејзината глума, а била и номинирана за Оскар. Пит Таунсенд исто така бил номиниран за адаптација на музиката за филм. Филмот е првиот и единствен филм снимен со квинтафонична звучна трака.



Таткото на Томи, капетан Вокер од кралските воздухопловни сили, се бори со германците во Втората светска војна. Неговиот авион е срушен уште пред Томи да се роди. Нора Вокер, неговата мајка, ги дознава вестите додека работи во фабрика за муниција полнејќи бомби со лагери. Г-ѓа Вокер се онесвестува притоа истурајќи кутија со лагери. Таа тогаш го раѓа Томи. Нора Вокер верува дека нејзиниот сопруг е мртов. Шест години по раѓањето на Томи, г-ѓа Вокер го запознава Френк Хобс во одморалиште и започнува врска со него.

Филмот трае 111 минути.

(Никулец на мк.Википедија)

Валентино, 25 и 26 март 2008 во 20ч. [Кинотека]

„Валентино“ е биографска драма на режисерот Кен Расел, лабаво базирана на животот на Рудолф Валентино. Филмот се базира на книгата „Валентино, интимно експозе на Шеикот“, напишана од Чо Манк и Бред Стајгер.

Непосредно по објавувањето, филмот се соочувал со критички и комерцијален неуспех, веројатно поради уметничките (драматички) интервенции околу животот на Валентино. Кен Расел ја опишал одлуката да го сними филмот како најголема грешка во неговата кариера.



Филмот започнува со секвенца од филмски журнал, која го покажува хаосот настанат од прераната смрт на филмската ѕвезда Рудолф Валентино (толкувана одд Рудолф Нурејев) на само 31 година. Илјадници обожаватели се собираат во погребалниот дом се додека не се воспостави ред. Во тој момент на оплакување се појавуваат важните жени од животот на Валентино, кои се присеќаат на него преку навраќање во минатото.

(Никулец на мк.Википедија)

Филмот трае 128 минути.
 
Кинотека. Design by Wpthemedesigner. Converted To Blogger Template By Anshul Tested by Blogger Templates.