„Томи“ е музички филм од 1975 година, изработен според „рок опера“ концепт албумот „Томи“ од 1969 на групата „Ху“. Режиран од Кен Расел, во филмот играат полно ѕвезди вклучувајќи ги и членовите на бендот. Ен-Маргрет добила Златен глобус за нејзината глума, а била и номинирана за Оскар. Пит Таунсенд исто така бил номиниран за адаптација на музиката за филм. Филмот е првиот и единствен филм снимен со квинтафонична звучна трака.
Таткото на Томи, капетан Вокер од кралските воздухопловни сили, се бори со германците во Втората светска војна. Неговиот авион е срушен уште пред Томи да се роди. Нора Вокер, неговата мајка, ги дознава вестите додека работи во фабрика за муниција полнејќи бомби со лагери. Г-ѓа Вокер се онесвестува притоа истурајќи кутија со лагери. Таа тогаш го раѓа Томи. Нора Вокер верува дека нејзиниот сопруг е мртов. Шест години по раѓањето на Томи, г-ѓа Вокер го запознава Френк Хобс во одморалиште и започнува врска со него.
Филмот трае 111 минути.
(Никулец на мк.Википедија)
0 comments:
Post a Comment