„Валентино“ е биографска драма на режисерот Кен Расел, лабаво базирана на животот на Рудолф Валентино. Филмот се базира на книгата „Валентино, интимно експозе на Шеикот“, напишана од Чо Манк и Бред Стајгер.
Непосредно по објавувањето, филмот се соочувал со критички и комерцијален неуспех, веројатно поради уметничките (драматички) интервенции околу животот на Валентино. Кен Расел ја опишал одлуката да го сними филмот како најголема грешка во неговата кариера.
Филмот започнува со секвенца од филмски журнал, која го покажува хаосот настанат од прераната смрт на филмската ѕвезда Рудолф Валентино (толкувана одд Рудолф Нурејев) на само 31 година. Илјадници обожаватели се собираат во погребалниот дом се додека не се воспостави ред. Во тој момент на оплакување се појавуваат важните жени од животот на Валентино, кои се присеќаат на него преку навраќање во минатото.
(Никулец на мк.Википедија)
Филмот трае 128 минути.
0 comments:
Post a Comment